Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
03.07.2013 14:05 - Жива туршија
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 1006 Коментари: 0 Гласове:
0



  Поривот да се пишувааат и објавуваат раскази за разни теми е племенит бидејќи така, во одреден период на својот живот, авторот ја конзервира својата интелектуална реколта, зачувувајќи ја во пресолот на јазикот како жива туршија за подоцна на трпезата на спомените некој да ја изнесе како кисело мезе за ублажување на жестокоста на ракијата на заборавот.
Та така и Митре Р. Николов – со својата прва збирка раскази “Стапот и зборот“ – за себе и за луѓето за кои пишува извршил едно големо откинување од заборавот.
Неговите записи немаат претензија да бидат уметнички дела со покажување шлифуван стил на изразување каде мислата е одлично подреден караван од зборови упатен кон читателот за да му донесе мирудии што би го восхитувале со своите уникатни мириси и вкусови.
Ако литературата ја означиме како конзервна индустрија на мислите, Митревата книга нема да можеме да ја декларираме како производ излезен од софистицирана фабрика во која се запазени највисоките стандарди на јазичната чистотија но сепак ќе можеме да ѝ залепиме етикета за мануфактурно, домашно произведена збирштина – туршија од разни недозреани домати и динчиња.
Митревата жива туршија кај читателите навикнати на стерилна чистота не ќе помине со преодна оценка, дури може на самиот почеток и да ги одврати од понатамошно читање ама мислам дека тие така само ќе платат данок на својот пуританизам бидејќи и покрај својата надворешна збрчканост, дамкавост и влакнатост, расказите на Митре ја имаат неопходната цврстина и трпкавост нужна за да бидат принесени како мезе.
Тематски расказите се многу разнородни, почнувајќи од лични преживелици на авторот ( расказите `Бисера`, `Непознато другарче`,`Ме изеде змијата`,`Последните пари`, `Влез во празните хали`), па преку туѓи преживелици (`Парите на вредниот Иљо`, `Ми остана раката`,`По патот на напатените`), до записи кои всушност се мали есеи во кои авторот разгледува разни општествено-економски теми (`Духот на Пелинце`,`Стапот и зборот`,`Шумите во Р. Македонија`,`Бумеранг`,`По трагите на големиот траг`,`Заклучок од дипломската работа`).
Во сликарството има категорија на дела `Наивно сликарство`. Ако тој критериум го примениме и во литературата, ќе можеме да заклучиме дека расказите на Митре се во категоријата `наивна литература` а тоа е литература која е непретенциозна и пленува и реже како народните приказни.
Љубомир К. Бочваров



Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 563670
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502