(За спомен на Михаил Хергиани, алпинист)
1
Ти си на работ на стрмен ледник,
гледаш кон врвови што се извишуваат.
Планините спијат, за здив жедни,
облаци вдишуваат, лавини издишуваат.
2
Но нивното око тебе втренчено те пази,
бидејќи мирна нагорница ти беше ветена:
секогаш те предупредуваат дур се јазиш,
со стркалан камен и цепнатина оклештена.
3
Планините знаеја, кај нив дошла беда,
премините ги проголта димна ерозија.
Ти тогаш не умееше да читаш следа,
не разликуваше одрон од експлозија.
4
Карпата за громко ехо се подесува
ако ти за помош гласот си го дигнал,
ветерот по клисурите го разнесува
планинското ехо како радио-сигнал.
5
И кога се бориш да освоиш премини лити,
за да не те види врагот, те кријат камења,
секој од нив задишаните гради ти ги штити
и карпите ги подметнуваат своите рамења.
6
Лажат дека умните во планини не скитаат!
Ти појде таму, гласини пренебрегнуваш.
Мекнее гранит, да се топат мразови итаат
и како перје на шатка маглата легнува!
7
А ако во вечниот снег занавек ти си легнал,
над тебе, како над пријател близок и светол,
планинските сртови во купола ќе се стегнат
да бидат твој уникатен споменик во светов.
Ова е оригиналот:
К вершине ♫ ◡
Памяти Михаила Хергиани
Ты идешь по кромке ледника,
Взгляд не отрывая от вершины.
Горы спят, вдыхая облака,
Выдыхая снежные лавины.
Но они с тебя не сводят глаз -
Будто бы тебе покой обещан,
Предостерегая всякий раз
Камнепадом и оскалом трещин.
Горы знают – к ним пришла беда, -
Дымом затянуло перевалы.
Ты не отличал еще тогда
От разрывов горные обвалы.
Если ты о помощи просил -
Громким эхом отзывались скалы,
Ветер по ущельям разносил
Эхо гор, как радиосигналы.
И когда шел бой за перевал, -
Чтобы не был ты врагом замечен,
Каждый камень грудью прикрывал,
Скалы сами подставляли плечи.
Ложь, что умный в гору не пойдёт!
Ты пошел – ты не поверил слухам.
И мягчал гранит, и таял лёд,
И туман у ног стелился пухом…
Если в вечный снег навеки ты
Ляжешь – над тобою, как над близким,
Наклонятся горные хребты
Самым прочным в мире обелиском.
2. Мои препеви на сите 154 сонети на Шекспир, pdf.,формат А4, 39 страници
3. Мојата стихозбирка “Бегајќи од трпезата на моите црвци“ ги содржи и моите препеви на сите 154 сонети на Шекспир
4. Мојата стихозбирка “Со рими клоцнат Буковски“ ги содржи и моите преводи и препеви на 75 песни на Чарлс Буковски
5. Мојата стихозбирка “Аферата Неруда“ ги содржи и моите римувани препеви на 100 сонети за љубовта од Пабло Неруда
6. Мојата збирка раскази “Помилуваниот владика“
7. Мојата стихозбирка “Ловејќи ја душата на Висоцки“ ги содржи и моите препеви на 60 песни на Владимир Висоцки
8. Моето досегашно творештво собрано накуп