Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
08.09.2013 19:46 - Ние ја тркаламе Земјата
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 430 Коментари: 0 Гласове:
1



  Ова е мој препев на песната “Ние ја тркаламе Земјата“ од рускиот поет Владимир Висоцки.

 

1
Од граница ние Земјата ја свртевме назад,
неразбрано делувавме како пијан плурал,
за среќа, имаме команданти кои нѐ пазат,
ја управија, со нозе опнувајќи се на Урал.
2
На крај, да се тргне дојде наредба машка,
дошло време да се пресметаме на чисто,
запомнивме како сонцето почна да се ашка
и малку недостигаше та да зајде на исток.
3
Не ја мериме Земјата со нашите чекори,
безгрижно по цвеќиња газејќи, без пизми,
нема основа да ни се упатуваат прекори,
просто, ние ја тркаламе со нашите чизми.
4
Од источниот ветар се ведне стогот сено,
во карпест завет овчари на стада им гудат,
земјината оска ја поместивме постепено,
за да го одбегнеме непријателскиот удар.
5
Не плашете се ако залезот не се трефне,
не е Суден ден и Земјата не се побркала,
туку просто, во марш, како ќе ѝ ќефне,
тоа нашата дивизија Земјата ја тркала.
6
Ползиме, секој од нас брегот го гушка,
грутките ги гмечиме бесно, без љубов,
Земјата ја туркаме со колена и пушка,
и тоа е делотворно иако изгледа грубо.
7
Тука ни најтемелната истрага не ќе најде
пред непријателот нечии раце дигнати.
Сите живи од телата имаат големо фајде,
ко бедем ни служат другарите загинати.
8
Фала на глупавото олово што не се фали
на кого својот смртен удар го намени.
Ете таму, погодениот на бункер се навали
и под него Земјата в миг се скамени.
9
Стопалата ми останаа во минска сопка,
продолжувам, мртвите другари ги жалам,
сал со лакти ја тркалам земјината топка,
ја буткам од себе за крв ненаситната ала.
10
Другар еден, простум пред огнениот напад,
се поклони до земја зашто куршум вдиши.
Но, по крвој баталјонот наш ползи на запад,
за сонцето крваво пак на исток да се виши.
11
Во тиња сведнати глави влечеме како црви,
смрдеата нѐ дави и калта во чизми шлапа,
но, важно, по небо сонцето нормално врви
зашто нашата дивизија напредува на запад.
12
Со раце и нозе, или без нив, еве ќе легнеме,
ко на свадба со роса од тревата се опиваме,
за стебленцата, со заби Земјата ја тегнеме
и, со нејзиното тло врз нас, се покриваме.

***************
Ова е оригиналот:

Мы вращаем Землю

От границы мы Землю вертели назад -
Было дело, сначала.
Но обратно ее закрутил наш комбат,
Оттолкнувшись ногой от Урала.

Наконец-то нам дали приказ наступать,
Отбирать наши пяди и крохи,
Но мы помним, как солнце отправилось вспять
И едва не зашло на Востоке.

Мы не меряем Землю шагами,
Понапрасну цветы теребя,
Мы толкаем ее сапогами -
От себя, от себя.

И от ветра с Востока пригнулись стога,
Жмется к скалам отара.
Ось земную мы сдвинули без рычага,
Изменив направленье удара.

Не пугайтесь, когда не на месте закат.
Судный день – это сказки для старших.
Просто Землю вращают, куда захотят,
Наши сменные роты на марше.

Мы ползем, бугорки обнимаем,
Кочки тискаем зло, не любя,
И коленями Землю толкаем -
От себя, от себя.

Здесь никто не найдет, даже если б хотел,
Руки кверху поднявших.
Всем живым – ощутимая польза от тел:
Как прикрытье используем павших.

Этот глупый свинец всех ли сразу найдёт,
Где настигнет – в упор или с тыла?
Кто-то там впереди навалился на дот -
И Земля на мгновенье застыла.

Я ступни свои сзади оставил,
Мимоходом по мертвым скорбя,
Шар земной я вращаю локтями -
От себя, от себя.

Кто-то встал в полный рост и, отвесив поклон,
Принял пулю на вдохе,
Но на Запад, на Запад ползет батальон,
Чтобы солнце взошло на Востоке.

Животом – по грязи, дышим смрадом болот,
Но глаза закрываем на запах.
Нынче по́ небу солнце нормально идёт,
Потому что мы рвемся на Запад!

Руки, ноги – на месте ли, нет ли, -
Как на свадьбе, росу пригубя,
Землю тянем зубами за стебли -
На себя, на себя!
image

 



Гласувай:
1


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 563935
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502