Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
02.12.2013 17:57 - Играње тенис без мрежа
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 272 Коментари: 0 Гласове:
0

Последна промяна: 02.12.2013 19:14


    Проблемот со македонската поезија, и воопшто, со светската поезија, е фактот дека неспособните поети почнаа прозата што хаотично  ја размавале во неритмични и неримувани редови да ни ја подметнуваат како песна.

 

Од век се знаело што е песна: дека тоа е текст кој е во редови така дотерани со ритам и рими што при гласното читање одѕвонуваат мелодиозно. Само таквите редови се нарекуваат  стихови. Ритамот, во основа, се остварува со еднаквиот број на слогови во стиховите кои се римуваат, а римите се остваруваат со  нагласено звуково совпаѓање на зборовите на краевите од стиховите.

Првичното име за `поезијата` е лирика а тоа значи пеење на некаков текст во придружба на жичениот инструмент лира.

Значи, во основа, поезијата е музичка дисциплина па дури и кога таа не се изведува во придружба на музички инструмент, минимум  нужен за нејзина идентификација како поезија е при рецитирањето да се забележливи ритамот и римите во неа.

Е сега, развитокот на поезијата вклучува и нејзино преведување од еден јазик на друг.

За да остане преведената песна песна и во целниот јазик, преведувањето мора да биде препејување а тоа значи дека препејувачот  треба оригиналната песна така да ја парафразира во целниот јазик што, запазувајќи ја формата (ритам и рими), таа да ги одразува  суштинските мисли содржани во оригиналот.

“Преведувачот на проза е роб на авторот а препејувачот на поезија е негов ривал!“(Василиј Жуковски, руски поет од 19 век)

Да се препее туѓа песна е двојно потешко одошто да се напише своја бидејќи, првин, треба да разбереш што точно авторот сакал да каже, а потоа, тоа да го парафразираш во стихови со ритам и рими. (Кога пишуваш своја песна, она првото ти е само по себе јасно.)

И тука доаѓа  до израз човечката склоност за искористување на секоја поволна околност за извлекување корист.

Неспособните поети почнале, без запазување на ритам и рими, песни од туѓи јазици да преведуваат и како книги да ги продаваат а тоа  кај читателите сепак наидувало на поволен прием бидејќи љубопитството на луѓето е неизмерно па наоѓале задоволство и во таквите “прозни варијанти на песни“ од други јазици.

А српската поговорка вели: “Прилика раѓа лопова!“

Следниот чекор на неспособните поети бил да почнат таква туѓа или своја проза, во неритмички и неримувани редови размавана, да ја претставуваат како свои песни и без многу труд да печалат.

Несомнено е дека она кое од некој текст останува како негова трајна уметничка вредност се метафорите употребени во него. Метафората е најсилното изразно средство бидејќи дури и како кратка споредба од збор-два генерира многу повеќе слики одошто самите тие збор-два содржат во себе. А вредноста на книжевното дело се мери со бројот на сликите што ги предизвикува во секунда  читање.

Но, овде зборуваме за разликување на проза од поезија.

Голема заблуда е дека поетите се “принцови на метафората“ – во прозните текстови на големите прозаисти има многу повеќе метафори  одошто во поезијата. (На пример, во патеписите на Федерико Гарсија Лорка има повеќе метафори одошто во сета неговата поезија. Или, само во романот “Есента на патријархот“ на колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес има повеќе метафори одошто во сета“поезија“ на Томас Транстромер и Волт Витман заедно).

Зборот уметност, во случајов со пишувањето, значи вештина која го надминува просечниот човечки капацитет за писмен израз. Но, вредноста на изразноста како уметничко својство на еден текст не може да биде пресудна за разликување проза од поезија.

Пресудна може да биде единствено формата која кај поезијата е потчинета на правилата за мелодиозност кои ги спомнав погоре.

Сето друго што отстапува од тие правила а се подметнува како поезија е всушност инвалидска поезија – или, како што големиот американски прозаист Курт Вонегат им пишал на едни средношколци:

“Да се пишува поезија во слободен стих е исто како да се игра тенис без мрежа!“

Пишувањето поезија и раскажувачка проза е вештина измислена за забава на луѓето а тоа дека ПРОУЧУВАЊЕТО на таа забава можело да се претвори во наука е само доказ за итрата добродушност на политичките елити – да се одразат како мецени давајќи милостина на трошок на државата image

image




Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 565205
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502