Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
11.12.2013 20:09 - Афористична опсадна машина
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 340 Коментари: 0 Гласове:
1

Последна промяна: 13.12.2013 11:29


 

Мото: 
Судбината од трн на глог писателот го носи 
дур мислите во делата му се шантрават боси.
(критика за делото, од Љубомир К. Бочваров)

Афоризмот е највисокиот можен дострел на изразноста во човековото мислење бидејќи е дефиниција: одредување на нешто кое така станува аксиом. Основната техника на афористичниот израз е играта на неколку зборови или поими кои авторот, навидум како кротки волови, ги спрегнува, напати и во наопачен ѕевгар, за така да заораат нова бразда во нашето мозочно ткиво откривајќи ни нова духовита поврзаност на нештата. На пример: 
“Во социјализмот идеалистите се снајдоа материјално а материјалистите идеално.“ (Владимир Булатовиќ-ВИБ)
Друга техника на афоризмот е со прашања и одговори. 
На пример: “Зошто некои родители имаат многу деца? Затоа што не мислат на тоа. А како успеваат да ги нахранат и облечат толкуте деца? Повторно, затоа што не мислат на тоа. А можат ли сите да ги изведат на прав пат? Можат, бидејќи не мислат на тоа. Сѐ се може кога не се мисли многу на тоа.“ (Душко Радовиќ).
Почнувајќи од Библијата па до денес, во литературата има огромен број афоризми така што во денешно време многу претенциозно е човек да се пројавува како писател-афористичар. За да го предизвика читателовиот восхит, авторот треба афоризмите да ги нуди како добро истесани тројански коњи зашто инаку поначитаните читатели често во нив ќе препознаваат само одамна објавени афористични магариња или оригинални ама досадни крекања на уште една жаба која кренала нога за да ја поковаат.
Всушност, писателот кој објавува афоризми претендира да e доброволен Вилхелм Тел кој пред публиката ќе го оптегнува лакот на својот дух и од него ќе исфрла стрели за да го погоди јаболкото поставено на главата на неговата ќерка Суета. А бидејќи авторот си ја сака ќерката и страв му е да не ја повреди, нишани малку повисоко па така неговите стрели најчесто завршуваат забуцани далеку на буњиштето на заборавот, за таму тој и неговите неначитани и некритични читатели одвреме-навреме да распретуваат и да мислат дека нашле некое непреџвакано зрно мудрост.
Митре Р. Николов без многу да му ја мисли веќе е татко на четиринаесет деца-книги и како да се раководи од советот на Душко Радовиќ:
“Бидете горди и не ги признавајте своие порази. За сѐ што не сте можеле, речете дека не сте сакале. Величајте го она малку што го можете, исмејувајте го сето друго што е над вашите можности. Подигајте си споменици уште за време на животот. Нека ви биде најмал а не најголем оној споменикот на гробишта.“ 
Па така, Митре како афористичар веќе има објавено две книги: “Драки“ во 2006 година (со 650 афоризми) и “Фаланга до драките“ во 2009 година (со 680 афоризми). Заедно со сегашните 300 афоризми во најновата книга “Од трн на глог“, тоа е впечатлив арсенал од 1630 стрели кои, иако ретко поединечно ја погодуваат целта, стегнати во врзоп делуваат како моќна опсадна машина наречена овен, со чија глава авторот упорно удира во бедемот на Друштвото на писателите на Македонија за да го пробие и да си обезбеди тезга на македонскиот литературен панаѓур на суетите. Нека е жив и здрав Митре па наскоро и тој афоризам да се случи :-)



Гласувай:
1


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 566807
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502