Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
04.01.2014 14:10 - Потеклото на Жената и `љубовта`
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 506 Коментари: 0 Гласове:
1

Последна промяна: 04.01.2014 14:11


      Налетав на одлична книга за еволуцијата на луѓето. Ја напишала многу духовитата госпоѓа Елејн Морган, што се гледа и од самиот наслов: “Потеклото на жената“  (Издание на “August Cesarec“ Zagreb, 1978)       Госпоѓата Морган првин накусо и карикирано ја раскажува длабоко вкоренетата и речиси општоприфатена приказна за еволуцијата на Човекот.       Во средиштето на таа приказна е тарзаноликата појава на предхоминидниот мажјак кој откако ги здогледал ливадите преполни со дивеч, се симнал од дрвото, го грабнал оружјето и станал моќен ловец.       Се смета дека речиси сė кај луѓето произлегло од тоа симнување.       Тоа што одиме исправено е резултат на потребата ловецот да се исправи за да ја оцени оддалеченоста од својот плен и за да гаѓа со копјето.       Тоа што сме живееле во пештери доаѓа оттаму што на ловците им требала база во која би се враќале со пленот.       Тоа што сме научиле да зборуваме биднало затоа што ловците требало да се договараат за следното сафари и да се фалат со претходното.       Жената во таа приказна е само слеп следбеник на промените кај мажјакот-ловец зафатен со измислување и изработка на разни орудија и нејзина среќа е што исправајќи се добила бујна коса, широки колкови и полутопчести цицки за тој да ја забележи.        Итн.       За госпоѓата Морган таквата приказна е неверојатна. Таа изложува своја приказна, детално образлагајќи на 230 страници густ текст. Јас овде накусо ќе изложам само некои од нејзините главни ставови.       Појдовна теза на госпоѓата Морган е дека нуждата е мајка на телесните промени во еволуцијата на секој жив створ, па така и на Жената.       Најшироко прифатена теорија е дека човековата историја започнала во Африка.       Пред дваесет милиони години во Кенија постоело развиено население од мајмуни со типична телесна градба и со изобилство типови, од малиот гибон до големиот горила.       Тоа доба е познато како миоцен.Климата била блага, дождовите биле пообилни од денес, шумите буеле. Сė било добро и никој не морал да се прилагодува.       Потоа настапиле плиоценските суши кои траеле (замислете!) дванаесет милиони години!       Во тој период многу миоценски мајмунски врсти кои инаку многу ветувале, биле сотрени. Некои биле затечени во исчезнувачките честари на шумите но го преживеале плиоценот и денес ги знаеме како брахијални мајмуни – специјализирани за нишање на раце по дрвјата.       Но, како преживеано се појавило и нешто вџашувачко: нашиот предок, аустралопитекот!       Неговите фосилните остатоци се пронајдени во Олдувајската клисура во Танзанија, заедно со недотерани камени орудија кои се прогласени за најдревен почеток на човечката култура.       Од своите дванаесетмилионски маки аустралопитекот се појавил значително освежен и усовршен. Тилната кондила, која како заоблен краен дел од черепот налегнува на првиот пршлен од рбетот, покажува дека главата ја држел под нов агол, што наведува на тоа дека одел исправено, а орбиталната регија околу очите има значително човечки изглед.       Одговорите на прашањата – зошто аустралопитекот стекнал исправен став и фд, како дошло до тоа тој да користи орудија и оружје, зошто станал гол(без крзно), зошто неговиот сексуален живот станал толку заплеткан – госпоѓата Морган ги елаборира со Акватичката теорија за еволуцијата на луѓето.       1.Исправениот став и фд       Кога настапиле страшните периоди на суша, со изумирањето на шумите во внатрешноста на копното изумирале и мајмуните кои на дрвјата во нив живееле.       Но, мајмуните кои живееле во шумите покрај морето, откако морале да се симнат на тлото, спас од побрзите, поголеми и крволочни грабливци-месојадци единствено можеле да најдат со бегање трчајќи на четири нозе. Мажјакот-мајмун бегал поуспешно од Женката бидејќи таа била товарена со своето бебе.       Само прашање на време било кога Женката во паничен страв од ѕверот п р в а  ќе го заборави вродениот страв од голема вода и ќе се втурне во плиткото крајбрежно море од кое се плашел и ѕверот.       И така,секогаш кога на копното дебнела опасност, а понекогаш и заради тоа што било многу жешко, Женката влегувала во морето до појас па и до вратот држејќи го своето дете. Секако, тоа значело дека мора да оди исправено на двете задни нозе. Особено во почетокот тоа било бавно и невешто, ама очигледно било потребно ако сакала да ја држи главата над водата.       Се разбира, подоцна и Мажјакот ја прифатил таа техника на спасување и разладување а исправениот став и фд потоа влијаеле на реконфигурација на коските на нивниот череп и скелетот воопшто како и на распоредот на органите за расплодување и начинот на нивното користење.       2.Употреба на оружје       Во вода до вратот, мајмунот-татко и мајката-мајмунка цврсто држејќи го над вода своето дете, чекале додека на ѕверот што ги гонел не му досади за да си оди. Секако дека влегувањето во водата не им било удобно ама постепено откриле дека, кога ќе си отиде ѕверот, на брегот и во плиткото крајбрежно море, сите други суштества се или помали, или побавни или поплашливи од нив. И така речиси незабележливо преминале од исхрана со ситни скачки на исхрана со мали ракчиња, со јајца од гнездата на морските птици. Поголемите суштества со тврда обвивка, како школките и јастозите, мажјаците-мајмуни можеле да ги здробат оти имале заби-дерачи, ама женките немале такви заби а за кавалерство на мажјаците не им текнувало.       И така, нуждата ја натерала мајката-мајмунка да земе камен, и по многу обиди и промашувања, да успее со него да ги крши школките и јастозите.       Т о а  била првата употреба на орудие или оружје.       Се разбира, мажјакот потоа ја следел таа практика на женката а подоцна неговите потреби во ловот а со тоа и неговите пронајдоци секако ги надминале нејзините.       Со тек на време, мажјакот удирањето по школки го проширил со удирање по главите на оние морски суштества кои иако поголеми од него, биле бавни, невешти во движењето и речиси беспомошни – туљани, големи желки, различни видови морски крави.       3.Губење на крзното и други промени       Крзното како заштитна обвивка секако било многу корисно за живеењето на дрвјата и воопшто на копното но во долготрајниот престој во вода тоа само пречело во движењето.       И така, со тек на време, нашите предци постепено го отфрлиле непотребното крзно и како и многу други цицачи ( китот, водениот коњ, морската крава, свињите) за заштита од ладната вода развиле склоност за создавање поткожен слој на сало.       Долготрајниот престој во крајбрежното море довел до тоа тие да научат да пливаат и ронат, а подоцна и да пловат на отворено море користејќи случајно најдени трупци.       Наводниот проблем во Акватичката теорија кој “тарзанистите“ го истакнуваат – дека незрелите и беспомошни деца ќе се давеле во водата – нема основа бидејќи денес е докажано: сосема малите бебиња оставени  с а м и  во плиткиот крај на базенот без било чија помош, постепено ја истражуваат водата и научуваат да пливаат без да се доведат во опасност. А бебето на нашите предци покрај себе ја имало својата мајка чија долга коса распослана над водата му била секогаш на дофат.      Значи долгата коса на Жената е заради безбедност на нејзиното бебе а не за сексуално залудување на Мажот :-)       Прашањето за развојот на цицките мора да се поврзе со нивната п р и м а р н а намена – доењето на бебето.       По губењето на крзното, додека лежело во скутот на мајка му, бебето тешко можело да цица,бидејќи нејзините цицки биле мршави брадавици на рамни гради. Значи, потребно било нешто кое на бебето ќе му ги привлече брадавиците понадоле а истовремено да биде прилагодливо и со прикладна големина за тоа да може со рачињата да го зграби и да го држи додека цица.       А бидејќи бебето е тоа заради кое се одвива еволуцијата – добило тоа што му требало: две висечки цицки кои е така лесно да се дофатат како шишенце!       Прашањето за развојот на широките и дебели колкови кај луѓето, особено кај Жената, е објаснето со потребата за заштита на виталните органи при седењето на камењата и на солениот крајбрежен чакал и песок.       Нормално е дека Жената морала да си обезбеди поголема заштита – таа во тој предел има три телесни отвори а мажот само еден а и плус, не морал, како таа, везден да држи бебе во скутот.       Кај Жената, како нуспродукт од новиот, исправен начин на движење, се случила уште една промена.       Кога почнала да стои исправена, нормалниот агол помеѓу рбетот и задните нозе од 90 степени пораснал на 180 степени, па тоа некои од нејзините стомачни органи ги преместило.       Вагиналниот канал не само што се поместил напред туку и се вовлекол подлабоко во телесната шуплина, заради заштита од солената вода. И не само тоа: се развила и мембрана ( химен ) која барем 10-12 години обезбедувала дополнителна заштита на вагиналниот канал.       Значи, конечно Жената седела удобно и по сѐ личело дека ги пребродила најголемите неволји.       Сирота таа – не била свесна дека тие допрва ја чекаат!       4.Заплеткан сексуален живот   Поимот “љубов“ и неговата вистинска содржина се видливи само во односот мајка-дете. Тоа е единствената љубов која оригинерно постои во природата.   Сите други односи кои се нотираат како љубов се користољубива манипулација.   Љубовта помеѓу маж и жена настанала од нужда: мажот морал некако да ја наведе жената на копулација во мисионерска положба бидејќи нејзе не ѝ текнувало така да му се понуди а тој не сакал со ќотек да ја натрти за одзади.   Имено, исправањето на нашите четвороножни претци на две нозе предизвикало вистинска физиолошка револуција кај женките.   Нивниот полов орган, порано четвороножно изложен и лесно достапен за копулација одзади, со исправањето се вовлекол во стомачната шуплина.   Исправениот став станал удобен и доминантен став а женката и понатаму на мажјакот за копулација му се нудела вртејќи му се со грбот, сметајќи дека тој знае што и како треба.   А така, исправено, не бива.   Затоа мажот морал да ја наведе женката да му легне мисионерски за да ѝ пристапи лице в лице.   Меѓутоа, таков пристап кај речиси сите животни се смета за опасен, освен ако не се практикува спрема сопствените деца, при доењето.   Легнувањето на грб значи изложување на опасност на најмеките и лесно ранливи делови на телото – стомакот, абдоменот.   Оттука, за да ја легне на грб, мажот морал на жената да ѝ се претстави со умилкување, со зборови и движења како да е нејзино дете, да се валка и да ѝ се мушнува во градите, да глуми дека сака да цица – со еден збор, она што денес е техника на сексуална љубов помеѓу мажот и жената е изнудена и вулгаризирана копија на односот мајка-дете.   Дури и во психолошката сфера постојат реликти кои укажуваат на таквиот развој на односите бидејќи речиси секоја сопруга по извесно време минато во брак својот сопруг почнува да го третира како да е нејзино дете.   Не гледам што би било жално за еден стар маж да го заврши животот со млада жена.   Тоа дека други мажи ќе му ја посакуваат е нормално а дали таа ќе ги врти околу себе како кучка во еструс зависи од нејзината морална конституција. Повеќето жени умеат флертот и симпатиите со други мажи да ги држат во пристојни граници и на ниво на пријателство.   А за односот на стариот маж и младата сопруга каков точно е – они си знаат, нас не нѐ викаат фенер над креветот да им држиме па затоа да се воздржиме од шпекулативни сожалувања на стариот маж, особено ако тој е многу јак на јазик.   Секоја наводно љубов меѓу маж и жена најнакрај кулминира со секс и тоа е доказ дека сето друго пред него било само користољубива манипулација.   Дури и платонската љубов е сексуална само што, бидејќи не може да се оствари, се глорифицира како да е љубов на два ума. Еве како јас сум ја исмеал.   Платонска љубов 1 Во Атина славна,во древната Елада, филозофот Платон на години стари, си заљубил чупе, филозофка млада па смислил итро со виц да ја ќари. 2 “Да влезам мазно во тебе пекам кон твојата суштина умот ми стреми! Но гордоста негова обично е мека па затоа молам… утеха да спремиш! 3 Кога нема да влезе таму кај треба – не вели ми просто – дека ми се витка! Срамежливо кажи, о нимфо од Теба: Суштината, дечко, мене ми е плитка!     Несексуална платонска љубов може да постои само помеѓу лица од ист пол кои сексуално нормално се  свртени кон спротивниот пол.   Еве како тоа го образложил Шекспир.   Сонет бр.20   1 O, господарски учителу на моето страдање - нежност и срце меко Природата ти дари но без шминкерајот и блуткавото бладање што жената ги применува за маж да ќари. 2 Со поглед поблескав од било што денски но без кокетност и дволичност воспитан, ти како виножито, и на мажи и на женски, им крадеш воздишки за да ти се восхитат. 3 И откако Природата првин жена те створи се премисли и за себе машкост ти насади па иако за тебе ко за жена срце ми гори поразена ми е мислата за твоите наслади. 4 Но, ако, бар за твојта љубов уши ми ѕунат а Стојко твој нека ги љуби женските руна.

Мојата пра-пра-пра-баба Арди
image

 



Гласувай:
1


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 565206
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502