Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
03.02.2014 03:48 - Повистинување на есента
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 666 Коментари: 1 Гласове:
1

Последна промяна: 03.02.2014 11:02


    1
Дождот ромори како хор црвје разглодани во штици гнили,
плаче небото оти шилести камчиња бубрезите му ги гребат,
а јас, старецот, есента ја убедувам дека токму така и ѝ треба,
за лисјето в градина лаже тој Матевски во прозните идили.
2
Доста веќе секој што умеел да размава проза за поет го важат,
на тоа блудно дејствие и поетско безобразие турете му крај!
Во поезијата, камбаните на ритамот и римите создаваат рај!
Читатели, не давајте да ве затрупуваат ко камчиња за дренажа!
3
Доста со надреалистички патетики за стремеж кон почин,
слободниот стих е патерица за ќопави а не начело прво!
Да го измолземе јазикот како што се молзе каучуково дрво
и да ги наполниме цуцлите на читателите со рими сочни!
4
А оној што слободниот стих го продава како факман-сторија,
поет е толку колку што е и стадионскиот продавач на спорија.

image




Гласувай:
1


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

1. pvdaskalov - Съгласен съм с тебе, Приятелю мой!
06.02.2014 08:45
"А оној што слободниот стих го продава како факман-сторија,
поет е толку колку што е и стадионскиот продавач на спорија."
Поздрави от батко ти Петър
06.02.2014, Пловдив
цитирай
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 566743
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502