Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
20.02.2014 14:59 - Антологиски дрон
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 1900 Коментари: 0 Гласове:
1



   

 

Тој е роден со страчкарската алчност за економија,

од мал збира мудри мисли од кои му тежи главата,

омилена храна му е неправописната поетска помија

за која пишува есеи грепчејќи се на пат кон славата.

2

Книжевноста не му е забава туку потфат сериозен,

тој со оглас самиот себе за велемајстор се повикува

за да каже, без имиња и презимиња, за свет грозен

во кој сортата како него веќе се издигнала и ликува.

3

Со боздоганот на опширноста тој ќе ве тресне,

речниците и енциклопедиите му се омилен алат,

тој арчи цело буњиште од зборови за да блесне

иако речиси редовно разумни поенти му фалат.

4

И ако помисливте на Антоновски Иван – не е он:

јас го опишав падот на било кој академски дрон.

image

 




Гласувай:
1


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 562787
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502