Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
14.03.2014 20:34 - Кој ја срина тишината сина?
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 505 Коментари: 0 Гласове:
1



  1
Тишината е жена-неротка, самата на себе згода,
она е шведска маса за која стрвен маж се гребе:
не ја сетила среќната смрдеа од плодовата вода,
не се карминисала за навек со слуз од свое бебе.
2
Нејзина главна занимација е коса да си вапсува,
а мажот ја има утехата дека не мора да се стега:
ако е поет, млитаво ќе ја ора, во неа ќе папсува,
од бесплодноста, ѓоа во нирвана, во неа ќе бега.
3
Таа е кралица во замјата на прочуеното Ништо,
поданици ѝ се претурачи од шупливо во празно,
во двобојот со нив не мора да извадиш пиштол,
доволни се ритам и рими што се лизгаат мазно.
4
Многу поети ја фалат како генератор на чудата
а јас ја почитувам само како мајка на заблудата.image



Гласувай:
1


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 563957
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502