Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
18.03.2014 19:45 - Млекостипсата
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 513 Коментари: 0 Гласове:
1



   

  1
Ведрано, на руда, буника или гној ти си име,
зборот во кој канцерот на јазикот осамнува
да роди напис кој ќе истрајува како пример
за тоа дека суетата сал со глупост пламнува.
2
Си се гадела од доењето и бебешките лајна,
си бегала од нив читајќи романи во клозет:
сега, за грст евра ни ја обзнануваш таа тајна,
слепа дека така честа своја ја фрли под нозе.
3
Во твоето име веќе пловат бродови од злоба,
пијани, кловновски ја засмејуваат публиката,
твојте зборови се сурови како каменото доба
за кое ти како хиена ја заокружуваш сликата.
4
За бебешкото цицање да го наречеш злостор
мора да си залутала во ова време и простор.

image




Гласувай:
1


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 562869
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502