Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
21.03.2014 09:52 - Гробјанска идила
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 522 Коментари: 0 Гласове:
1

Последна промяна: 21.03.2014 10:09


1 Прекрасен пролетен сончев ден ми топли коски, за моето либидо и кондицијата спомени буди:  кога те растурав до твој страв од смртен восхит но смртта ме победи и сал парастос ми нуди. 2 И еве, бардаче со цреши-обетки си ми донела како тоа да сум јас, ме бацуваш, сок впиваш, карпата на гранитната љубов ич не се ронела, споменот е пустина во која ти сеуште пливаш. 3 И ете, заминуваш, љубопитно подигам плоча за повеќе од тебе да грабнам, душа да се слади, но видов како на еден дечко му стана кочан дури те гледаше како светот го кршиш одзади. 4 И ми стана мило што ти се погодил таксистот, дај боже со него да ти биде како со мене исто.  
*Денес е светскиот ден на вистинската поезија, па во нејзина чест, ја преработив мојата инвалидска песна “Гробјанска идила“ во нова верзија :-) 
Еве како беше инвалидната

ГРОБЈАНСКА ИДИЛА
Posted by lupcobocvarov on февруари 8, 2008
Прекрасен пролетен сончев ден што ми ги топли коските и ги буди во нив спомените кога со склекови и стомачни вежби моето либидо имаше кондиција да те растура до страв од  т в о ј а  умирачка.
И еве те, денска самовило, носиш бардаче велешко со обетки од цреши накитено и голтка вода отпиваш бакнувајќи му го грлото ко мене што ми правеше.
На гробот ми садиш перуники а сите мои колеги и колешки низ потподигнатите плочи зјапаат восхитени во тебе: машките ми завидуваат а женските веќе решија да те копираат – ако воскреснат.
А еве и плоча ми менуваш, црн гранит измазнет, со слика жолто-зелена на скрин-шут фатена, Nula dies sine linea пишува а едно гиф -бебе се искрши од танцување. image


 




Гласувай:
1


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 563830
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502