Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
23.03.2014 11:53 - Слепото кутре на метафората
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 477 Коментари: 0 Гласове:
1



 
1
Јаснотиите во тавата на сонцето се пржат
а скриените значења се кочан-срца на генот,
ко арматура, исправен светот тие го држат,
преку лисјата му го цицаат млекото на денот.
2
Нивниот собирач и чувар е слепото кутре,
во ладот на мракот им ја крепи свежината -
семето на иднината да има надеж за утре
на светов бремен да му ја олесни тежината.
3
Скриеното значење е динамитна кататонија,
а напати и шизофрено во ребуси се изразува:
но трпеливо ко монах чека своја хиротонија,
знаејќи ја својата моќ со восхит да поразува.
4
Во поетскиот разврат најоргазмична е фората:
на слепото кутре да му ја дрпнеш метафората.



Гласувай:
1


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 562922
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502