Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
28.03.2014 13:52 - Мрсници на поезијата
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 721 Коментари: 0 Гласове:
0



 

1
Тие се глутница што прозата ја расчеречува
и без основа од просенати партали ѓоа ткае.
Нивната мудроштина низ уши им протечува
и секој од нив има стил што само тој го знае.
2
Тие се плиткобраздни орачи на суво поле,
што семе на неразгатливи метафори сеат.
Плодовите нивни лек се за секој умоболен
што пред ветерот се засолнува под стреа.
3
Тие се касапите што делкаат саде сланина,
на чингели бесат песни без ритам и рими,
квасецот на нивната суета подига планина
зашто светот плевата ко поезија ја прими.
4
Со ритам и рими не мора да се штимува,
бело со бело секогаш одлично се римува.

image 



Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 565213
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502