Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
15.04.2014 23:12 - Четкичката за заби на Силвија Плат
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 913 Коментари: 0 Гласове:
0




1 Како кротка поетеса таа проста вистина кажа, дека си може да е предмет на поетскиот напор, но призна дека не би можела да состави лажа, дека песна за четкичка за заби би звучела тапо. 2 Но, јас сум препејувач на рими од поети врвни, занаетот им го крадам, се подмладувам со ќеф, нивната творечка немоќ ми раѓа пориви стрвни: како ривал да ги надвијам без тоа да биде грев. 3 И така, напати четкичката за заби в клозет паѓа, ја фрламе, за хигиена на забите купуваме друга. Но, старскиот ум за неа племенита намена раѓа:  скришните гадни места во шолјата да ги струга. 4 Така тој случај ќе ве потсети дека плиток е јазот меѓу робувањето на устата и слободата на газот. ***************** Силвија Плат: Поезијата е тиранска дисциплина, морате да напредувате брзо, многу далеку, на мал простор, принудени сте да се откажете од сите тривијалности. А ми недостаигаат! Јас сум жена, ги сакам своите тривијалности, и чувствувам дека во романот би можела да зафатам повеќе живот, можеби не толку интензивен, но секако повеќе живот, и затоа станав многу заинтересирана за пишување роман.  Новинарот: Овој став ме потсетува на одредени ставови на др. Џонсон, зар не? Како велеше др. Џонсон, „постојат одредени нешта кои го наоѓаат своето место во поезијата и постојат такви кои не го наоѓаат“?  Силвија Плат: Како поетеса можам да кажам дека не е така, и дека си може да биде предмет на поетска обработка, но не можам четкичката за заби да ја сместам во песна, не можам!



Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 565226
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502