Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
28.02.2015 21:47 - Аксиоматски опинци
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 1329 Коментари: 0 Гласове:
0




1
Кога за современата поезија заштитнички сум настроен,
го повикувам Шекспир како сведок, за да ми биде штик,
против кланот што како академско стампедо е растроен
под знамето на анархијата и глупоста на слободниот стих.
2
Килавци на зборот, ритмоциди и римоциди грдо вршат,
можните ритмови и рими они хитлеровски ќе ги средат,
како божем тие милозвучја ганглиите ќе им ги скршат,
како да се Евреи виновни за нивната стихотворна беда.
3
За тие предавници на духот јас од земја не се траќам,
ни ќе им се придружам таман да ми изградат зигурат,
мојов сонет како охрабрувачки пример им го праќам,
со надеж барем еден од нив да ми стане поетски брат.
4
Вистина е дека поезијата не е наука туку само забава
но и за неа аксиоматски опинци треба да се набават.


Тагове:   сонет,   бочваров,


Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 563726
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502