Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
20.03.2015 09:44 - Сто сонети за мене: Првиот
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 1832 Коментари: 0 Гласове:
0

Последна промяна: 20.03.2015 11:52

Постингът е бил сред най-популярни в категория в Blog.bg
 
1
Првин бев само помисла во вселенскиот котел,
сенка на млекото од цицката на богињата Хера,
кукавички проект со материја да бидам сплотен
и можеби да станам творец на привиди со мера.
2
Милениуми бев глуварче што во хаосот се матка,
но конечно станав сперматозоид на стрвниот тате
кој како вдовец си се науживал во романса слатка
со млада жена што како неротка била пакет вратен.
3
Но не била за никаде адресирана нејзината матка
ко поштенска марка јас се залепив во неа со страст
и станав најскапата цена платена за наслада кратка
оти тате морал да ме признае пред народната власт.
4
И еве ме, горделив, на четири внучиња станав дедо,
ја зграпчив вселената и во сонети ѝ го цедам медот.


Тагове:   сонет,   бочваров,


Гласувай:
0


Вълнообразно


Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 565240
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502