Постинг
21.03.2015 10:38 -
Сто сонети за мене Вториот
1
А во тесната куќичка на тате мораше многу да трпиш
зашто бедата газдуваше со три стари и две нови деца,
таму научивме како парталави насмевки да скрпиш
од викотници и солзи кога гладта како чир те штреца.
2
Но за чудо, мој тате беше душа уметнички настроена,
врз песнарици и виолина огрубените прсти му шетаа
па иако нашата судбина за падни-стани беше скроена
зајакнавме та и нашите деца долж светов се разлетаа.
3
Од еден бистар селанец симнат од планината Клепа
и од две плодни жени израснати на скрките во Велес
се распространија на буњиштето на судбината слепа
табиети секакви, верни на стомак, верни на прелест.
4
Ене ги татевите селски, опинчарски и опутарски нозе,
танцуваат во рајот зашто син им станал сонетен козер :-)
Вълнообразно
Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене
За този блог
Гласове: 502
Блогрол
1. Спомен за Ева Звездева
2. Мои препеви на сите 154 сонети на Шекспир, pdf.,формат А4, 39 страници
3. Мојата стихозбирка “Бегајќи од трпезата на моите црвци“ ги содржи и моите препеви на сите 154 сонети на Шекспир
4. Мојата стихозбирка “Со рими клоцнат Буковски“ ги содржи и моите преводи и препеви на 75 песни на Чарлс Буковски
5. Мојата стихозбирка “Аферата Неруда“ ги содржи и моите римувани препеви на 100 сонети за љубовта од Пабло Неруда
6. Мојата збирка раскази “Помилуваниот владика“
7. Мојата стихозбирка “Ловејќи ја душата на Висоцки“ ги содржи и моите препеви на 60 песни на Владимир Висоцки
8. Моето досегашно творештво собрано накуп