Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
26.05.2015 17:40 - Даниил Хармс ФИЗИЧАРОТ
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 1622 Коментари: 2 Гласове:
1

Последна промяна: 28.08.2015 13:44


 Мој препев на песничка на рускиот писател Даниил Хармс:

ФИЗИЧАРОТ ШТО СИ ЈА СКРШИ НОГАТА

 

Мавтајќи со модел на вселената ладна 
излегува физичарот од дворната порта.
Но прагот му подметна нога и тој падна,
го скрши коленото Ајнштајновиот ортак.

Му приоѓа милиционер и луто го кори
мавтајќи му со сообраќајните правила.
Му приоѓа и еден студент и му збори
дека математиката сопка му ставила.

Заедно со нејзината мајчичка стара
му пријде и тротоарка и изрече була:
“Така и му треба кога саноќ се кара
со гравитацијата и ја множи со нула.
*********
Ова е оригиналот:
Даниил Хармс
Физик, сломавший ногу

Маша моделями вселенной,
выходит физик из ворот.
И вдруг упал, сломав коленный
сустав. К нему бежит народ.
Маша уставами движенья,
к нему подходит постовой.
Твердя таблицу умноженья,
студент подходит молодой.
Девица с сумочкой подходит,
старушка с палочкой спешит.
а физик все лежит, не ходит,
не ходит физик и лежит.
http://slova.org.ru/harms/fizik_slomavshii_nogu/

image   Даниил Хармс — Физик, сломавший ногу   Даниил Хармс - Физик, сломавший ногу SLOVA.ORG.RU  



Гласувай:
1


Вълнообразно


1. pvdaskalov - * ! *
13.06.2015 10:24
"... а физик все лежит, не ходит,
не ходит физик и лежит."

Е, това е златното ключе на стихотворението!
Поздрави, приятелю!
П и е р
цитирай
2. lupcobocvarov - А јас тој клуч сум го сменил!
15.06.2015 18:04
Мене тие стихови ми изгледаат како инатџиско и детинесто повторување за како-така да се заврши песничката.
Не знам што во нив би било клуч - ако физичарот “все лежит“ не мора ни еднаш да се каже дека “не ходит“, и на мали деца им е тоа јасно, а Хармс тоа го кажува и уште еднаш: “не ходит физик и лежит“, што е исклучително наивно и досадно.
Кога препејувам туѓа песна, јас не сум му слуга на авторот туку негов ривал: ако можам, должен сум песната да ја направам и подобра од оригиналот.
Мислам дека и овојпат сум успеал во тоа, целата последна строфа сум ја превртел и сум дал хумористична поента.
Благодарам на вниманието, Батко Петар, ти пожелувам да си жив и здрав :-)
цитирай
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 563490
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502