Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
20.01.2017 17:19 - Метју Арнолд Погребаниот живот
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 339 Коментари: 0 Гласове:
0



 
1
Во нашата војна со подбивни зборови, искри нѐ поплавија
а моиве очи станале пустина, изгледа, солзите заглавија! 
Иако знаеме дека сета оваа џева е само подбишега плитка,
иако знаеме дека обајцата обожаваме смеа, блага и питка,
се чувствувам како неименлива тага во ролат да ме витка,
како од некоја градна хаубица ти само громови да џиткаш,
они врз мене неуморно и без ублажување се леат
дур ти развеселена се засркнуваш од гргорна смеа. 
 Подај ми рака и начас громови да не слушам,
во твоите кристални очи моите да ги внушам
и во нив да ја прочитам твојата соголена душа.
2
Аман! Толку ли љубовта недугаво се заќорува 
та срцето го заклучува и не му дава да зборува?
Зар вљубените мора на матеница да дуваат
за да откријат што еден за друг чувствуваат?
Знам многу луѓе што нивните мисли ги кријат
од страв дека ако зборат нема мирно да спијат
а би сакале со други луѓе да поодат во чекор,
со рамнодушност или добронамерен прекор.
Знам дека тие итро се движат во маскирна руба, 
отуѓеноста од други луѓе во табиетот им се всади,
па така во животецот многу драгоцености губат 
иако истото срце ни бие во сите човечки гради! 
3
Љубена, и нашите срца и гласови ли се неми,
завиени во повој што глупоста ни го спреми?
4
Ах, добро би било ако ние, за момент барем,
ги ослободиме нашите срца а устите отковаме,
да излеземе од запечатениот молчалив јарем
со кој безрасудно натаму-наваму се сноваме.
5
Со предвидувања Судбината обилно е спремена,
одредила колку лекоумност во човек да се свие,
од какви лудувања свеста ќе му биде обземена, 
на кој начин во секоја борба ќе сака да се влие,
дури и со маска својот идентитет да си го скрие,
за така да си го зачува своето оригинално битие,
наспроти сопствените постулати, кои ги погазува, 
во неговата превртлива драма сам се поразува;
извирајќи длабоко во нас, без сигнален ѕвек,
невидливата река на нашиот животен век
го продолжува својот пат со несогледлив тек;
и во слепата несигурност за она што нѐ чека 
и не треба да ја видиме таа закопана река,
иако како стално да вози право ни делува, 
 изгледа дека она слободно и се свителува.
6
Но, и по сознанието за нашиот погребан живот,
честопати, во пренатрупаните улици на светов,
среде бркотната врева, израснува како на диво,
неискажлива желба, наспроти речението клето,
со огнот и неуморната сила на нашиот здравец,
да разгазиме наш, реален и оригинален правец;
копнеж, во срцето, кое длабоко во нас диво бие, 
во неговото таинство да се распретува, да се рие,
за да дознаеме како е поставена таа жива згода 
откај што нашите животи извираат и накаде одат;
во сопствените гради си копаме со порив силен
иако многумина од нас никогаш рудари не биле;
на илјада борбени линии смело сме се покажале, 
и на секоја, јакоста и духовноста сме ги докажале;
но ако начас мора својата линија да ја браниме
да бидеме свои и сето туѓо да си го отстраниме,
тешко дека некој е вешт да изрази барем и едно
од неименливите чувства што нѐ глодаат вредно
а неискажани си остануваат до нашето последно.
И дур нашето скриено и мутаво јас залудно прета,
ние сме зборлести и агилни и светот нема штета,
но тоа не сме ние вистинските, тоа е судба клета!
И тогаш посакуваме веќе да се смени таквата мака,
тој внатрешен стремеж и притисокот што нѐ џвака,
со илјадниците безначајности на нашето време
чија опојна сила не ќе ја чувствуваме како бреме.
О, да, умеат они затапувачи на нашиот крик да бидат! 
Сепак, напати, ко од бескрајно далечна земја да идат,
доаѓаат арии и лебдат одзиви, безнадежни и заматени,
издигнати од подземните длабочини на нашата душа,
како од некој таинствен силеџија да се добро платени
за во секој наш ден потиштеност и чмаење да внушат.
И додека сме измачени од навалицата и оној блескот 
со кој безначајноста на бескрајните часови нѐ ака,
само понекогаш – но тоа се случува толку многу ретко –
кога во нашите раце сме ја стиснале љубената рака
а од погледите очи в очи само јаснотија излегува,
и кога од вревливоста на светот слухот наш бил сакат
но од тоновите на љубениот глас бидува излекуван –
тогаш некаде во нашите гради се отвора рѓосано резе 
за изгубениот пулс на чувствата пак во ритам да влезе.
Срцето наполно се излива, очите едни во други се дават,
што на ум тоа на друм, што и да се посака тоа и се гради,
за својот животен тек човек размислува со бистра глава,
го слуша неговиот кривулест жубор што лази по ливади,
и под сонцето и под ветрецот благ, освежување му дава.
7
И тогаш надоаѓа затишјето во жешката трка
кога човекот престанува ловината да ја брка
бидејќи таа е летечка сенка и несфатлива збрка.
И залегнува човекот а свежест по лицето го лади
и необичен спокој ги исполнува неговите гради.
И тогаш тој мисли дека спознал по што риел
на ридјето каде растел и сам од себе се криел,
дека го спознал морето во кое и тој ќе се влие.
*********************
Оригиналот тука:
https://www.poetryfoundation.org/poems-and-p…/…/detail/43585



Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 562850
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502