Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
22.01.2017 01:03 - Бертолд Брехт
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 385 Коментари: 0 Гласове:
1

Последна промяна: 22.01.2017 01:10


Сеќавање на Марија А.
1
Во септемвриски ден, под месечина сина,
бев палав трон под крошна на дрво слива,
ја лулкав неа, мојата сакана, убава и фина,
ми беше ко во прекрасен сон да се вливам.
А над нас, како небесен рицар на тоа лето,
еден облак се перчеше во патролна шема,
предупредуваше да не го загадам цветот
но виде дека сум фер па набргу го снема.
2
По многу реки, многу потоци се истечени,
изминаа денови, месеци и години без ѕвон,
и многу сливови дрвја за огрев се исечени,
да ме прашаш “тоа љубов ли беше или сон“
ќе речам: навистина не можам да се сетам,
не ти се верува дека заборавноста ме акна,
дури ни лице не ѝ помнам а за него летав,
знам само дека тој ден во образ ја бакнав.
3
А и бакнежот веќе заборав ќе го стегал
оној патролниот облак тогаш да не беше. 
Засекогаш ќе го помнам, како да е сега,
бел, строго наперчен, за подука решен.
И може тоа сливата сеуште да фрла цвет,
и може таа жена со друг има седум деца, 
а бел облак ме навраќа кон спомен свет,
и пријатно, за миг, срцево ми го штреца.


************
Оригиналот и неколку препеви на други јазици:
https://www.antiwarsongs.org/canzone.php?id=49182&lang=en
  image   Antiwar Songs (AWS) - Bertolt Brecht: Erinnerung an die Marie A. A large database of anti-war songs ANTIWARSONGS.ORG    


Тагове:   бертолд брехт,


Гласувай:
1


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 566760
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502