Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
25.01.2017 09:45 - Огден Неш
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 373 Коментари: 0 Гласове:
1

Последна промяна: 25.01.2017 13:03


Станувам и тргам   1 Постои еден саглам лама живее во покорениот Тибет, од режимот баш се срамат но нема извештај на Прибе. 2 Ламата никогаш не се женел па не му требаат опојни чуда, својот нагон тој го пренел во славење на мудар Буда. 3 За сапун тој не троши пари, таму сапунска опера нема, од лековите за луѓе стари само кокосово масло зема. 4 Тој не разбира од песна, за шегување многу лош е, него ама ич не го тресна што загина нашиот Тоше. 5 Не се тормози со мисли тешки не се кара со другите лами, животот си го тера само пешки и не наседнува на реклами. 6 Бол на непца и заби не го стега зашто никогаш не јаде салама. Од него секој аптекар би бегал, ќе банкротира Зегин од тој лама. 7 Он секој ден главата ја бричи, не дава влакната да се шират, често се сече ама баш му личи а и ветрот мозок му луфтира. 8 За достоинството си нема гајле, не бил комита неговиот дедо, млекото му е битно насабајле, да може да го заслади со медот. 9 Не се тафри, не мачка помади, џиџалиња на вратот не му висат, нема авто и не се тупка в гради со дебела осигурителна полиса. 10 Не постои за него Фејсбук група што едно-две во Шутка го праќа, животот не му е под јавна лупа, самодоволноста ја зел за сваќа. 11 И верно, нечесно е да се рече, дека он е некоја неука персона затоа што ни малку не го пече она кое ечи од светските ѕвона. 12 И ако си замислите само за час нешто кое не ви прави драма, нека биде фактот дека тргам јас да му се придружам на тој лама.

***********

Оригиналот тука:

http://makalakapisei.blogspot.mk/2012/12/poem-i-will-arise-and-go-now.html

 

 

Еден препев на српски, тука:

http://blog.b92.net/text/4334/USTAJEM-SAD-I-IDEM/



Тагове:   огден неш,


Гласувай:
1


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 563923
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502