Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
18.02.2017 04:06 - Хафиз Ода 49
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 301 Коментари: 0 Гласове:
0



1
Трендафиловиот чокот во своите боцливи дланки
високо ги дигнал пехарите со крвцрвени вина,
а зелените пупки ги згустува на другите гранки
кои ги вкрстува и на голата земја ткае пелерина.
Срце, проблемите човечки и божествени се батал,
за залудните умувања само неспокојот ти е плата!
Погледни, како море блескоти утринската роса!
Почуј, среќниот славеј пее во ближната корија,
а неговите сто новооткриени јазици ни ја носат,
одново и одново, старата восхитувачка сторија. 
 2 
Ајде, затвори ги твоите книги, доста беше учениче,
зграпчи ја само легачката книга со песните омилени,
дојди на долгата зелена патека да бидеш очеличен,
како приказната птица Анка ќе бидеме раскрилени,
ко со неа на Кавказ да сме, далеку од човечки збор,
далеку од љубопитната толпа, во див, зелен честар,
доволни сме си, не ни требаат другари за разговор,
до коска да бидеме вљубени во тие осамени места,
каде во зеленолистниот спокој само славејот ечи
и каде ќе мислиме дека дури и љубовта ни пречи.
Редно е Хафиз да биде самотен во слатката пролет,
редно е Хафиз да биде опиен од нејзината песна.
Како бесмртните осаменици, сега и тој е во полет,
низ самотија и тишина влегува во челичен еснаф.
Притоа со смеа се потсетува на неговите ривали,
кои многу мислат за неговата недостижна слава.
И му наликуваат тие бедни претенциозни будали
на оној фалбаџија-ломотало со плиткоумна глава 
кој во дуќан на прочуен златар што сите го фалат
изјавил дека и тој како него е вешт со својот алат
и дека баш навалици од муштерии во дуќанот има
а всушност во дуќанот пробувал да продава рима.
*******
Препев од англиска верзија:
https://archive.org/stream/odesfromdivanofh00hafiuoft/


Тагове:   хафиз,   ода 49,


Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 566900
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502