Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
04.03.2017 04:46 - Корнволска народна песна Ламорна
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 233 Коментари: 0 Гласове:
0



1
Еднаш остро се испокарав со жена ми дома
и излегов на плоштадот да си најдам мома,
и вечерта во мракот утеха ми беше дадена,
видов прекрасна девојка со вел забрадена,
најмив кочија и цела ноќ она ми се надена.
2
О, на плоштадот Алберт сладоста почна,
никогаш порано не сум бил таков кочан,
нејзините очи како дијаманти блескаа
дур моите бутови во нејзините плескаа.
Беше со кадрици за мерак, со опоен мирис,
цела ноќ моето величество ич не се смири,
мислев, додека се возевме околу Ламорна,
такви како неа и мртовци може да скорнат.
3
А кога јас веќе постанав и загубив волтажа,
за презимето ја прашав и она моето го кажа.
За лице да ѝ видам брзо велот ѝ го кренав
и што да ти видам – беше тоа мојата жена!
Како попарен наредив враќање во Ламорна
а таа за триумфално објаснување беше орна.
4
Рече дека ме намамила и молчела цело време,
дека смислила ваква шега да ни олесни бреме!
Е па арно де, реков, но ваквата шега има цена!
На враќање пак ќе те чукам, но како моја жена!
И штом се покажа волку итра и љубоморна,
ти ќе платиш за кружењето околу Ламорна image
Оригиналот тука:
https://en.wikipedia.org/wiki/Lamorna_(folk_song)

Видете го Корнвол:

https://www.youtube.com/watch?v=QjVbsJDfr00




Гласувай:
0



Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 566830
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502