Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
06.03.2017 10:39 - Хафиз Ода 54
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 227 Коментари: 0 Гласове:
0



1

Би можел да зборувам со неа дупејќи ко шило,

во великански стил и со арапска елоквенција,

но нељубезност таквото говорништво би било,

остроумност пред убавина е оцетна есенција.

Како на ангел се нејзините преубави веѓи,

но очите како од громот да го купиле сјајот;

до Пеколот води парадокс исткаен од преѓи

усукани од солзите на ангел избркан од Рајот.

2

Поарно не прашувајте ме што е причината

што смртна убавина бесмртен закон распукува.

Врзете ja во крпче оти причината е шината:

убавината со себе самата гревот си го искупува.

Доволна причина е, иако на неразумност наликува,

како што виножитото мечтите ни ги предизвикува.

3

Толку величествен маж сеуште мајка не родила:

да набрал нежна роза а боцка да не го погодила.

И на Мухамед Велики, неговата слава позлатена,

со непријатели меѓу пријателите беше платена,

круната света од чад на роднините му е заматена.

******

Оригиналот тука:

 

 

https://archive.org/stream/odesfromdivanofh00hafiuoft/


Тагове:   хафиз ода 54,


Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 566916
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502