Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
08.03.2017 04:06 - Хафиз Ода 147
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 305 Коментари: 0 Гласове:
0



1

Убавината сама по себе за љубената не се брои,

нејзиниот шарм од многуте особини е мешавина,

иако секоја има име, зад неа со блескот таа стои,

и понатаму поразлична и со таинствена убавина:

набројувај колку сакаш, пак од неа има оставина.

Кадриците нејзини се за восхит, глетка омилена,

нејзиното тело е дух што пробува да биде она,

нејзината половина е сновалка за преѓа свилена,

устата ѝ е рубин-црвена но тоа не е мојата дона:

речи сѐ за неа и пак сметката ќе биде обессилена.

Да, некој убавината според  самовила би ја годел,

но тоа не е терк за убавина за моите гладни очи

убавината на мојта љубена е единствениот модел:

до оваа пролет роза за која се молам без почин

и со солзи ѝ заливам корен за сладост да дрочи.

Твојата веѓа цврст лак е а ти стреличарка смела,

штом погледот го кренеш, пушташ слатка стрела,

а милостиво моето срце за твоја мета си го зела!

2

До тајната на љубовта ниеден човек не долетал,

иако, љубејќи, секој е убеден во мудроста своја;

љубовта е како ливада поплавена со пролетта,

но во есенската сенка притаените лаги се ројат

и птицата на мудроста е наплашена глас да крене,

и да пее песна крај исчезнувачката роза која вене.

3

Хафиз, твоето срце чудна сила го зема во посед,

скоро како крадец во твојата песна се вовлекува,

ја величаш љубената но ова не е уметнички досег,

преку твојот кавал невообичаен восхит те лекува

со милината на солзите во овој твој поетски посег.

 

Оригиналот тука:

https://archive.org/stream/odesfromdivanofh00hafiuoft/


Тагове:   хафиз,   ода 147,


Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 566803
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502