Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
09.03.2017 23:31 - Хафиз Ода 232
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 373 Коментари: 0 Гласове:
0

Последна промяна: 09.03.2017 23:34


1

Во моите шеесетти години бидна жален и луд срам,
мојава белокоса глава се вљуби во девица млада;
се трудев за таа тајна на моето срце само јас да знам
ама се издадов та се виде и расчу како на парада.
Испаднав аџамија, нагазив стапица со запци од јад,
збудаленово срце по моите лакоми очи се стрча;
А сепак, во годините изминати, додека си бев млад,
ме сметаа умен, без бумбари што в глава брмчат.
2
Такви чудесии прават тие красни девици-жени,
брчките од времето можат да ти ги збришат,
и твојата снежнобела коса бојата да ја смени,
од траги на староста и твоето срце да го лишат,
па подмладено, со лакомите очи, надежи нуди
на внатрешната вистина што немоќна се чуди!
Ох, тоа е плиткоумност со која времето се шегува
за старецот заблуден младешки порив да негува!
3
Ах, секогаш тоа е така со нас, распеаните поети,
деца на имагинацијата, во нас е сила што мами,
што тера блудно да се нудиш, без да се срамиш,
да ја скинеш пупката што се подготвува да цвети.
Па, бери ум, Хафиз, иако си преполн со лудост
и срцето чудесната стапица со јадови ти го стега,
не станувај роб на фантазијата и нејзиното чудо,
за да не бидеш за смеа и срам како што си сега.

Оригиналот тука:
https://archive.org/stream/odesfromdivanofh00hafiuoft/



Тагове:   хафиз ода 232,


Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 564323
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502