Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
11.03.2017 14:25 - Хафиз Ода 105
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 459 Коментари: 0 Гласове:
1

Последна промяна: 11.03.2017 16:37


1

Косата на мојата Љубена тешко некој да ја сфати!

Префинето прибрана, лавиринт во светкава мрежа,

кадрава и усукана стапица во која секој ќе се фати,

во таа лукава заседа на нејзината глава итро лежат

блескотни ножови наострени восхит да му врежат

на верен и неверен маж кој и со ропство би платил

за мал гест на наклоност она љубезно да му врати.

2

Но, убавината твоја, Љубена, е само едно чудо

невин дар даден од Небото, како обична шнола;

но, аман, кој би знаел дали е паметно или лудо,

да се трпи твојата магија од која срцата нѐ болат.

3

Здивот ти е здравец, како во она време напред

кога Исус ќе се врати и мртвите од гроб ќе станат;

обожавателите твои никој не може да ги запре

по кадриците да ти се јазат и така Рајот да го фанат.

Од црните ти очи врз нас благословен дожд паѓа!

Иако со твојот поглед смртта љубовникот го гаѓа,

доста е ти само да го бакнеш и тој одново се раѓа.

4

О, ти, астрологијо на љубовта, имаш вешт метод!

Твојата наука е огромно таласно океанско ткаење,

висока си до последниот зрак на небесниот свод.

Скриени во иглата на компасот на твоето знаење

земната лудост и небесната мудрост не се губат,

полудените ги спасуваш, да престанат да љубат.

5

Уф, каков провев од пехарот на љубовта ме срази,

ме препрати дури до овој друг пехар полн со вино!

Хафиз, твоето срце е заробено и ти мора да пазиш,

душата твоја исто така да не си ја продадеш ефтино,

стравувај од срам, да не испадне подбивна глоса:

и верата во Бога си ја заплетка во нејзината коса!

 

Оригиналот тука:

https://archive.org/stream/odesfromdivanofh00hafiuoft/



Тагове:   хафиз ода 105,


Гласувай:
1


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 565209
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502