Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
12.03.2017 10:33 - Хафиз Ода 249
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 348 Коментари: 0 Гласове:
0



1

Дур си моја, не запира поткрепата на мојата рака;

но, и сѐ додека не одлета мојата душа од ова тело,

се надевам да го преживеам твоето “не те сакам“;

и нова љубов ќе немам бидејќи твој сум во целост.

Мојот живот е во моите усни, и за смрт спремни,

но, бакни ги несреќничките за пак да заживеат;

копнеам без надеж заради твоите облаци темни,

во моето тело и во мојата душа болките дивеат!

2

Љубена, дали ти како алчен просјак ме сфана?

Кога ќе сум мртов, посети ги моите гробни плочи

и чудна глетка сигурно ќе ги исплаши твоите очи,

сѐ до судниот ден пламења од мене ќе се хранат,

чад ќе се дига од огнот на мојата љубов, чија сила

толку голема била та во смртниот покров се впила.

3

Но, ако ти по ливада крај чемпрес тажен шеткаш,

восхитен тој ќе биде дека таков неприроден цвет

од нејзината неплодна утроба како зора светка

а ниските џбунови ќе се чудат откај е тој новитет

што оди и ги надвишува како маѓосничка глетка.

Глеј во градина онаму, ветре зефирче лекокрилно,

втренчено нешто бараше но разочарано си отиде

а розата за која тоа мечтаело е лицето твое милно!

Ах бре, ветре зефирче, таква роза тука не ќе биде,

ни во една смртна градина таков чокот не е виден.

4

Љубена, дигни го твојот вел, оти јавноста е болна

за лицето твое да го види,  и мажи и жени плачат,

денот тирански кога ти си родена веќе го колнат!

Како можеш да оставиш светот солзи да го мачат,

зар за таа љубов  твојата душа со презир е полна?

Твојата ластарна коса е честар од бодликави куки,

не е чудно што риби се вплеткале во таква мрежа!

Јас го научив моето срце да раскинува такви скуки

а тоа не успеал никој од оние на коишто им тежат:

Хафиз избега а другите сеуште во стапицата лежат.

 

https://archive.org/stream/odesfromdivanofh00hafiuoft/



Тагове:   хафиз ода 249,


Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 563668
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502