Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
22.03.2017 15:54 - Хафиз Ода 131
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 149 Коментари: 0 Гласове:
0



1

На патот по кој мојата љубена редовно мине,

во благонадежен јарем главата си ја спрегнав ,

за парче милост нејзина ако треба и ќе се гине,

барем со сенка да ме погали, во правта легнав.

Но, таа заобиколи задумана во рамнодушен тд

и мојата лукаво скроена стапица не улови плод.

2

За безгрижните суштества Бог има метод згоден,

особено ако убавината лицата им ги украсува:

пази градите трнлива воздишка да не им ги боде,

од несносна тага со нивниот презир ги спасува.

Да умрам сакав, а и што друго можев да сторам,

се осетив како голема свеќа во блескотна зора

покрај која рамнодушно зефирно ветре минало

па попатно, безмилосно пламенот ѝ го скинало.

3

О, срцето на мојата љубена коравост стекнало,

цврсто ко карпа која горчливи дождови ја бијат,

но оно не е трогнато, абер нема дека смекнало,

залудно потоците на моите солзи врз него лијат.

О, така си е, плачката на несаканиот е поразена,

неговата осаменичка болка останува незапазена.

4

Сношти од мене толку многу горки солзи истекоа,

и птиците и рибите се здружија во моето бдеење,

сите живи суштества своите сочувства ми ги рекоа,

само љубената го покажа своето спијачко умеење.

Ах, целиот свет со мене на диванот беше седнат

а она сон зграпчила како таа ноќ да ѝ е последна!

5

Но, бери ум, Хафиз, тактиката мора да се смени,

срцата и ушите од тагата си ги бранат сите жени.

Туку ти, Хафиз, пеј среќни песни наместо тажни,

и љубената од мртвите ќе стане за да ги слушне.

Пеј песни ко див сладок мед, лепливи и влажни,

од кои секој твој збор во срцето ќе ѝ се мушне

па така таа преку нив и тебе нежно ќе те гушне.  

****

Оригиналот тука:

https://archive.org/stream/odesfromdivanofh00hafiuoft/ 



Тагове:   хафиз ода 131,


Гласувай:
0
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 379429
Постинги: 746
Коментари: 120
Гласове: 496