Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
23.03.2017 17:51 - Хафиз Ода 315
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 393 Коментари: 0 Гласове:
0

Последна промяна: 23.03.2017 17:55


1

Во розната градина на светов, имам вистина проста:

и поубави рози таму растат а мојата роза ми е доста;

и надвор во ливадата, од сенките што замамно стојат,

ја барам само онаа чемпресната што си ја викам моја;

о, жаргонски Суфи, не нѐ товарај со задачите тешки,

остави наши гајлиња да им тежат на нашите плешки;

уката ти е тесногрлено шише и за умот тежок јарем,

но ние си имаме најучен доктор што ќе ѝ најде чаре.

2

По добро поминат живот, рај ни се предодредува,

со преубави палати насликани на ширните небеса;

но, нам, на пијаниците, подоброто небо ни следува:

меаната каде инатливи мудрости може да се тресат.

Таму ние на маргината на животниот поток седиме,

и радосно задоволствени глетки во умот си редиме,

матицата на потокот стално се лизга, напред јури,

и нѐ остава да си уживкаме во мудростите штури.

3

Кратка радост, долга болка, е сѐ што светот дава,

втренчи се во матицата, научи ја лекцијата права:

ако добивка те стрефи, загуба секако ќе ја следи,

самото живеење ни е доволно и само тоа вреди.

Да си покрај љубената, тоа е среќа драга и стара,  

кој од овој претажен свет може повеќе да бара?

А па и да се стокми некој посреќен свет од ова шубе,

би барал ли повеќе од тоа од љубената да си љубен?

4

Љубена, не бркај ме од пред порта како да сум враг,

зарем не знаеш дека одбрав мој дом да е твојот праг?

И не упатувај ме во некое далечно царство блажено,

не желеам за некаков свет каде знаењето е оснажено,

зашто и од овој стар свет каков што е, килав и климав,

никогаш не можам доволно да земам за ќар да  имам.

5

Љубена, мора коалиција со тебе, немам друга група!

На небесниот пазар немам желба друго си да купам!

Овдека опипливо гледам што сум купил и што носам,

не е како виножитните бои кои испаруваат како роса!

Поболуваш, Хафиз, муртежот на судбината те тресе,

иако е превртлива, таа го објавува заклучокот чесен:

имај си ја предвид само твојата громогласна слава,

твојот табиет е свеж и едноставен како пролет рана,

чудесен поток римувани стихови раѓа твојата глава

и на судбината тоа би требало да ѝ е доволна храна!

****

Оригиналот тука:

https://archive.org/stream/odesfromdivanofh00hafiuoft/



Тагове:   хафиз ода 315,


Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 566796
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502