Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
24.03.2017 12:49 - Хафиз Ода 48
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 266 Коментари: 0 Гласове:
0



1

Не, Саки, тргни го виното подалеку од мене!

Денес не ми треба за висхитот да ми го крене!

Моето битие е опијането со обожувачка почит,

за тој банален опијат не се лакомат моите очи.

Како би можел човек што со нив од убавина пие,

што неа ја гледа ко да е небесната Северна круна,

и во прекрасна размисла со восхит в срце си рие

и понатаму да биде задоволен и напнат ко струна

пиејќи вино што само го тера сред бел ден да спие?

Не, Саки, тргни го виното во некој забатален крај,

иако е верно дека оно истекува од небесниот рај!

Ако не го тргнеш, ќе го истурам на кафанскиот под,

денес без него срцево го роди восхитот како плод.

2

Се разбира, јас пак ќе си бидам опијанет и за пеза

но на друг начин, со возвишеност ко да сум цезар!

Ти, си, Саки, стариот кафеански заратустрен монах

ама вратите на твојата кафеана на тревога ѕвонат

оти Хафиз ја надмина својата винска деформација

и за тебе веќе нема ќар од неговата реформација.

*****

Оригиналот тука:

https://archive.org/stream/odesfromdivanofh00hafiuoft/



Тагове:   хафиз ода 48,


Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 563498
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502