Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
29.03.2017 01:32 - Бранко Ќопиќ Малечка моја од Босанска Крупа
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 448 Коментари: 0 Гласове:
1

Последна промяна: 29.03.2017 01:35

Постингът е бил сред най-популярни в категория в Blog.bg

1

Имав дванаесет години зелени,

прват се симнав од моето село

и во тоа гратче тебе те сретнав,

како дотогаш најубавото дело

што го видела мојава глава глупа!

Малечка моја од Босанска Крупа!

2

Дали ти си ме видела не знам:

во оклопот од опинците стегнат,

селски ученик, плавуш синоок,

во детско љубопитство спрегнат,

гледав како трговецот пари трупа.

Малечка моја од Босанска Крупа!

3

Ти наиде како облаче лесно,

твојот поглед за миг ме шекна,

заборавив дури и како се викам,

и за ништо паметно не ми текна.

Изневерив како да сум сабја тупа!

Малечка моја од Босанска Крупа!

4

Течеа така гимназиските денови,

споменот на тебе не ми згасна,

ми го шепотеше твоеото име

модрата Уна во пролетта красна!

Ти лебдеше пред мојата клупа!

Малечка моја од Босанска Крупа!

5

Брзо поминаа ученичките денови,

како пеперутка со крилја златни,

сепак, во срцево тебе те зачував,

низ бурите на дните воени матни.

Тие сеќавања не може да се купат!

Малечка моја од Босанска Крупа!

6

Сега е доцна, веќе сум остарен,

ја гледам Уна, молчи како нѐма,

залудно лутам по улиците знајни,

сѐ е пусто оти тебе веќе те нема.

Последното од мене годините го лупат!

Збогум, малечка моја од Босанска Крупа!

Оригиналот тука:

http://www.poezijasustine.rs/branko-copic/mala-moja-iz-bosanske-krupe



Гласувай:
1


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 563511
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502