Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
01.04.2017 01:02 - Хафиз Ода 290
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 740 Коментари: 1 Гласове:
1

Последна промяна: 01.04.2017 19:29

Постингът е бил сред най-популярни в категория в Blog.bg
1

Ветре источно, те молам, намини дома кај љубената

и донеси ми свежи вести за тоа како ги минува дните;

не одбивај ја молбата на бедникот вљубен во жената

на која тој ни колку едно зрно афионско не ѝ е битен.

И тебе, розо од нејзината градина, љубезно те молам,

воздишката на љубената кога таа го впи твојот мирис

пренеси ја на славејот за со песна мисливе што болат

да ги лекува и душата моја барем малку да се смири.

2

Љубена, та јас тебе веќе сум те љубел кога ти беше
сал нежно резне нова месечина на небесниот свод,

мала гола самовила со нос прчлест , малку смешен,

ги следев твоите сребрени чевлиња во лелеавиот тд.

Ах, тогаш те сакав и те придружував со душевна сласт!

А сега ти си возрасна месечина, со цицлеста убавина,

и за твој кавалер саноќ пак да ти бидам се борам јас,

и мислам, тоа би можело да биде вселенска правина!

3

Ама ако и ти ме засакаш, јас ќе го закопам твоето име

далеку, преку пустите мориња, во неоткриена земја;

убавице, стори атер и биди мила умница, за пример,

рацете на поетот наполни ги со злато, сребро и темјан.

Сето идно време ќе мечтае за тоа што чудо ти си била,

со таква магична цврстина и свежина на твојот здив;

Хафиз во песнава ќе го чува твоето лице ко китка мила

наспроти смртта која насекаде го сее заборавот див.

**********

Оригиналот тука:

https://archive.org/stream/odesfromdivanofh00hafiuoft/



Тагове:   хафиз ода 290,


Гласувай:
1


Вълнообразно


1. bubolina111 - И КО ТВА, ВА БРАТ??/
01.04.2017 01:10
И КО ТВА, ВА БРАТ??/
цитирай
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 562836
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502