Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
02.04.2017 20:30 - Хафиз Ода 32
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 412 Коментари: 0 Гласове:
1



1

Сѐ избледува и се лизга во овој нестабилен свет

и исчезнувајќи длабоко долу, несомнено се топи;

како празен ветар е дури и нашиот животен лет,

прилив и одлив сме, пимплачи што суетата ги опи,

а ни колку прекршен дрвен покрив немаме цена,

заборавени ко виножитен прелив на морска пена.

2

Надежта е самовилска палата но од песок е сета,

дрвото на животот пушта корења во виорен ветар,

исчезнува сето, а ако некој за пријател ме праша,

јасно ќе му кажам: еве го, виното во мојава чаша!

Саки, слуга сум на пријателот, човек ми е тоа вино!

Пред едикојси, на колена клекнат под небото сино,

со дух силен сум, светот нека си оди ако му е фино!

А ти, налеј ми пак и за чудна новост биди спремен!

Минатата ноќ, во меанава чадна, во ниедно време,

додека од виното опиен и слуден, клапнат дремев,

блесок како од Сонцето почна лицето да ми го пече

и пред мене Ангелот на Невидливиот свет вака рече:

3

“Хафиз, велик си, со умот продорен и острото око,

поетски мисли бркаш и ловиш како кралски сокол,

но оваа планета што проблемите ги раѓа без почин,

овој свет на маки и солзи, оваа земја на тажни очи,

не е гнездо за тебе, ти тука стануваш Болен Дојчин!

На седмото небо, со Ангел Габриел тебе ти е место,

во рајскиот предел, во близина на божјиот престол!

Слушни како твоето име на празното небо чест дава,

на рајски брегови ангелите ја опеваат твојата слава,

канат да го напуштиш светов и маките што те штават!

Бегај од невеста која на илјада младоженци им била,

таа древна нацртана жена што со иста лага зема сила,

што ни на еден од нив не му покажала трајна грижа,

додека вљубени славеи ко на розни трној се нижат“.

Да, ангелот блескотен таква беседа на Хафиз му кажа,

во земниот рај кајшто пијаниците маките си ги блажат.

***********

Оригиналот тука:

https://archive.org/stream/odesfromdivanofh00hafiuoft/



Тагове:   хафиз ода 32,


Гласувай:
1


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 566834
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502