Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
04.04.2017 11:16 - Хафиз Ода 74
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 392 Коментари: 0 Гласове:
0



1

Љубовта е замамното море кое нема ниту еден брег,

на тоа мориште за напомош никој нема да се крене,

кој плови по него веќе нема да види ни песок ни снег

а сепак, ќеф ми е што таа пловидба ми се падна мене.

Ах, колку е убаво по тоа море и најдолго да се плови!

Па што и ако горделивиот брод мора да сведне глава,

мојата љубена на ист тој брод со мене радоста ја лови,

па ако е ред она да тоне, кабил сум и јас да се давам.

2

Со заљубен маж разумен муабет не може да се води,

исто е како да трошиш аргументи против добро вино,

љубовта има мудрост што со мудрост под рака не оди,

разумот не знае како нѐ обира божественото казино.

Среќното срце лесно си го наоѓа својот среќен плен,

не му се потребни патоказни знаци од субјект вишен;

со љубов ќе го исполнам секој момент од твојот ден,

ко што меанџијата со вино го полни грлестото шише.

3

Како што меанџи-Саки ги полни нашите чаши до врв,

така ти твојата чаша наполни ја со живот длабок и јак;

во неа , за смрттта не оставај ни талог од винската крв,

нема човек што заспал а во сонот од чашата пиел пак.

Сал невини очи може да го видат лицето што го сакам,

тоа е лице што, едвај приметно, како месечина млада,

личи на далечен дух кој врз заспаните дрвја немо ака

а неговите сребрени чевлиња сјаат во таа променада.

4

Не прашај кој го отепа Хафиза, очите прашај ги твои,

не криви го Небото ни Фортуната за таа случка бедна;

да бев сигурен дека за мртвите воскресение се крои,

ќе сакав пак да ти дојдам да ме заколеш уште еднаш.

Иако тврдо и ладно, твоето срце восхитот ми го плени,

толку студенило не зрачеле дури ни најстарите стени,

но и покрај тоа јас истрпев тортура и ич не ми е мака

бидејќи повеќе се восхитував на љубовта што те сака.

*************

https://archive.org/stream/odesfromdivanofh00hafiuoft/



Тагове:   хафиз ода 74,


Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 563437
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502