Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
05.04.2017 01:32 - Хафиз Ода 71
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 300 Коментари: 0 Гласове:
0



 1

Црна ноќ ми е секој ден ако не го видам лицето твое,

со него ти на розите им наметнуваш пелерини од роса

и сиот живот е правлива смрт ако со тебе не е скроен,

и за светови не ги сметаат тие што твој белег не носат.

Нажален, заплакав кога неодамна ти збогум ми рече,

силата на моето видело беше испрана од очите мои,

твојата слика, кралица на глетките, кажа реч која сече:

дека руина каква е моето око, за свој дом не го брои.

2

А до неодамна ти беше моја и секој ден бев како нов,

но сега денот на мојата смрт оддалеку веќе ме плаши,

пропаста ми е во најдобро издание а јас, нејзиниот лов,

животот си го мерам со здивот помеѓу винските чаши.

Мракобесниците, што секому удираат последен печат,

за тебе, љубена, далеку нека се од денот кога ќе речат:

 “Од тебе ништо не остана за в море или за на небо!“

 Ах, јас тоа нема да го исползувам како кец од џебот,

да мислам дека си се покајала и дека пак си мој ќар:

та јас тогаш ќе бидам сал здив прашина, сенка на зȧр,

сурова анатомија, облека од пепел и споменик стар.

3

Од толку многу плачење исцедени и суви се моите очи,

и ако ти, љубена, сакаш да го видиш најмачниот врв,

слободно кажи, немој задоволството да си го кочиш,

остана можноста да ти плачам со солзи од мојата крв!

Хафиз, трпението и смеата треба доктори да ти бидат

но како, растворен во слабост, би имал сила трпелива?

И тага и радост немаше денес, а ни во дните што идат,

не може да очекуваш дека, за лек, утехата ќе те целива!

**********

Оригиналот тука:

https://archive.org/stream/odesfromdivanofh00hafiuoft/



Тагове:   хафиз ода 71,


Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 566743
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502