Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
06.04 11:48 - Хафиз Ода 364
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 117 Коментари: 0 Гласове:
0

Последна промяна: 06.04 11:54


1

Еве го мигот кога низ воздухот чудна сладост се шири,

од љубената е замајувачкиот оддалеку дојден мелем,

и ширум летната ноќ сѐ живо под небесата се смири,

како од нејниот пламен божествена мȧна да сме зеле.

И за момент се осветлени бавноизодените километри,

растојанието потскокнува во дневниот сјај и се светри,

како да е мимолетна насмевка на љубената, го снема,

а јас ги видов камилите како наидоа во поворка нѐма.

2

Камилогоничи, растоварајте, голем одмор нека биде,

богат е товарот што трговците нестрпливо го чекаат,

но ветерот Северец сигурно навести дека таа ми иде

а телово и душава одамна по неа изгладнети пекаат.

Ах, летна молњо, знакот твој за разгатнување е лесен,

вели дека во душата на ова лето радоста ќе се внуши:

кога од едно до друго срце громовниот лак ќе блесне

и сѐ ќе биде добро во длабоката тишина на тие души.

3

Не биди нестрпливо, срце, жалта никому не носи мираз,

иако љубената е многу долго далеку од погледот твој,

ќе дојде таа пак, за тебе и за восхитот на целиот Шираз,

како чудесија на изгрејсонце, заедно со славејниот пој,

ќе дојде за да ги утеши седумте виножита во очите мои,

кои се вцрвени од крвта на солзите што за неа истекоа,

се мешаа боите на розите со крвта на срцето многу често

и висеа како таписерија од солзи за која мнозина рекоа:

мојот ткајачки дуќан треба да се прогласи за свето место.

4

Љубена, болните мисли на изгладнетото срце си ги чула,

кога разгласував дека легендарната уста на лицето твое

ги инспирира математичарите да го воведат бројот нула,

дека бисерот на невидливоста од твоето семе е скроен,

дека сум човек кој животот го потроши во залудна беда

барајќи ја устата толку многу малечка што да не се гледа:

ќе има ли друг ваков горделив бајрактар на лудите чеда!

5

Хафиз, јаремот на љубовта кон љубената тешко се носи,

никој заради твојата величествена љубов не ќе те слуша!

А дали некогаш Хафиза лутина против љубената го коси?

Зар воопшто е можно човек да биде лут на својата душа?

Љубена, од љубов за тебе Хафиз сигурно е скршен молив
не бој се да дојдеш на неговиот гроб зарад твоите злости,

праведно беше што ти неговата крв игнорантски ја проли

на гробот прочитај го неговиот епитаф: Хафиз ти прости!

**********

Оригиналот тука:

https://archive.org/stream/odesfromdivanofh00hafiuoft/



Тагове:   хафиз ода 364,


Гласувай:
0
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 316309
Постинги: 730
Коментари: 119
Гласове: 486