Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
07.04.2017 23:33 - Хафиз Ода 174
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 613 Коментари: 0 Гласове:
0



 1

Едно време пред порта ти живеев и не бев згрозен,

очите ми блескаа наросени од невидливиот прав

што се дигаше кога во близина минеа твоите нозе;

а лице штом ти видев, срцево имаше ритам здрав.

Мислата на твојата душа ја повторуваше мојот јазик,

кога разумот срцето мое за доверлив совет го праша,

претпочитав твојата мудрост довербата да ми ја пази,

и не се плашев дека ќе згине таквата блискост наша.

Тука, во тој комшилак, ко во розна градина спастрен,

можеше да се гледа дека Хафиз како здравец расте.

2

Но, за жалост, таквата моја сигурност сега е минато!

Љубена, која е причината што крадешкум те снема?

Прашав сѐ живо зошто пријателството ни е раскинато

но за заздравувачки одговор сечија уста остана нѐма.

Сношти, барајќи си утеха од бедноста што ме снајде,

во меаната отидов и во врчвата со вино се вгледав,

мислев како она од ногарките нема никакво фајде,

во глиненото подножје изгледаше ко сопната беда,

меанџијата со винска крв грубо ја наполнил до горе -

и ете, токму таква врчва полна јадови јас сум сторен.

3 

 

А потоа, мислев на Абу Ишах, мил и побожен човек,

кој две децении на Шираз градоначалник му беше:

сите очекувавме дека со него ќе ни биде убаво довек

а загина од превратници што светов им бил грешен!

Воздигање и пад се темелите на нестабилнава сфера,

сега прȧв е оној што законодавен печат беше вчера!

Хафиз, зар до неодамна ти не беше еребица на раат,

што се кокореше несвесна за несреќата што веќе иде:

заслепена, единствено гледаше пердувите да ѝ сјаат

и дебнечкиот сокол на трагичната судбина не го виде!

***********

Оригиналот тука:

https://archive.org/stream/odesfromdivanofh00hafiuoft/



Тагове:   хафиз ода 174,


Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 562873
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502