Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
10.04.2017 13:02 - Хафиз Ода 155
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 484 Коментари: 1 Гласове:
1

Последна промяна: 10.04.2017 19:20

Постингът е бил сред най-популярни в категория в Blog.bg
 1

Без добро старо вино, пролетта не е пролет за мене!

Без твоите образи што како лалиња си ги потпалила,

милослив воздух од градини и ливади не ќе се крене

и розите не се рози ако ти со очите не си ги погалила.

2

Половина од неговата милина телото твое секако губи

но кога јас со копнежлививе очи го гушкам, таа е цела;

устата твоја мед лачи само кога мојата сака да ја љуби

инаку за други усти, отров токми како збеснета пчела.

3

Напразно кипарисот за галење на зефирот му се нуди,

само ако славеј слета на него, ќе има кој да го слави.

Умот создава фантастични слики за рајата да се чуди,

ама само сликата на љубената него мудрец го прави.

4

Сигурно е дека добро однегувано вино е лек згоден,

зелената градина без пријател во неа е како загубена.

Хафиз, твојата душа залегна на метал неблагороден,

не копаничари го врз него лицето на твојата љубена.

***********

Оригиналот тука:

https://archive.org/stream/odesfromdivanofh00hafiuoft/



Тагове:   хафиз ода 155,


Гласувай:
1


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

1. redabyss - Много красива любовна лирика. П...
10.04.2017 13:30
Много красива любовна лирика.
Поздрави. :)
цитирай
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 563512
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502