Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
11.04.2017 23:05 - Хафиз Ода 83
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 615 Коментари: 1 Гласове:
1

Последна промяна: 12.04.2017 09:50

Постингът е бил сред най-популярни в категория в Blog.bg
 1

Љубена, за сето што е скриено од погледот мој болен,

Господ нека се грижи и од бол и неволји да те чува!

Дење и ноќе ми недостигаш, без тебе сум жедно поле,

но сепак срцево и тогаш е со тебе во стварноста сува.

Додека во погребен покров во гробен прав се влечам,

протегам раце да ги допрам полите на твојот фустан,

со надеж дека бар они мојата болка може да ја лечат

кога не може да ми е достапна твојата докторска уста.

2

О, покажи ми ги молитвените лакови на твоите веѓи,

да можам да ги кренам рацеве како во божјиот храм

и да те гушнам наспроти законските и морални меѓи

што одредиле дека невенчано да се љуби било срам.

И, ако е запишано дека за тоа треба да се плати цена,

врз вжештениот вавилонски песок на глава ќе дубам,

како паднатиот ангел Харут, ќе пробам да те пленам,

макар и со магија да ти кажам колку многу те љубам.

Љубена, ако не за друго, подари ми ја милоста твоја

за атер на молитвите на моите до гроб верни колена.

Барем еднаш да те видам, да заврши голготава моја

со милост, со солзи на моето срце од тебе измолена.

3

Моиве тажни очи се обилните извори што ги полнат

стоте липтежни потоци кои во градиве ми се сливаат;

ти праќам семки на мојата љубов со таа река болна,

со надеж дека на брегот на твоето срце ќе допливаат,

дека таму барем една ќе прорти и ќе забие корен јак,

за потоа милионите ливчиња да бидат јасен мој знак

дека ти си моја љубов, мој копнеж прв и последен,

и дека барем за трошка твое внимание сум вреден.

4

Љубена, ти ме прободе со очите твои што се анџар,

крварам и немам надеж а сепак по доктор праќам:

докторот си ти иако знам дека си убиствената манџа

што со очиве ја исркав за сега од земја да се траќам.

О, љубена, неук доктор си, за ваква болка не ве учат,

оди лекувај друг пациент, јас сум безнадежен случај.

5

Ако очиве ми се израдуваат од лицата на некои други,

ако срцево за некоја друга жена породи копнеж поган

искорни ми ги очите кои на неверството станале слуги

а срцето нека ми се пеплоса во жарот на вечниот оган.
Хафиз, Хафиз, за вино, за жена и за песна си гладен

со таа ли љубов сакаш кај Љубената да одиш на гости?

Добро, добро, прави си како ќефот твој ќе ти даде,

со надеж дека Она на блудник како тебе ќе му прости.

********

Оригиналот тука:

https://archive.org/stream/odesfromdivanofh00hafiuoft/



Тагове:   хафиз ода 83,


Гласувай:
1


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

1. redabyss - Невероятно. Аплодисменти. :)
12.04.2017 22:57
Невероятно.
Аплодисменти. :)
цитирай
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 562921
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502