Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
30.04.2017 13:33 - Потеклото на зборот “сеуште“
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 2036 Коментари: 1 Гласове:
2

Последна промяна: 26.12.2017 18:06

Постингът е бил сред най-популярни в категория в Blog.bg Постингът е бил сред най-популярни в Blog.bg

Во 19 век во Велес живеел еден стар ерген што ја имал среќата како единец, од татко му трговец да наследи доволно пари за животот да го минува по меани и во повремени посети на локалниот курварски салон. Но, кога наближил кон педесеттата година од својот нездрав живот, сфатил дека ќе му треба жена за да го двори под старост па по дуќаните и пазарџиите разгласил дека сака да се жени. Чуле за тоа и тројца браќа од едно велешко село. Тие имале сестра која останала стара мома, откако по раната смрт на нивната мајка практично им станала втора мајка но и слугинка на браќата во текот на нивното растење. Иако многу си ја сакале, бидејќи сега веќе не им требала, решиле да ја омажат за велешкиот ерген. Нему тоа му се видело како добра прилика: селска жена, навикната на покорност, без ризик да роди. А тој ќе си тера пак по старо. И биднала работа, се венчале. Жената го трпела ергенскиот живот на својот маж но еднаш тој ја удрил неколку пати со тупаница по главата зашто наводно му подметнала леген со прежешка вода за да му ги мие нозете. За ќотекот разбрале соседите па еден од нив со интригантски табиет, во пазарен ден му кажал на еден од браќата на жената. Овој им кажал на другите двајца и сите многу се ожалостиле за својата сестра па наредниот ден отишле во градот за да му го дотераат умот на зетот. Во градот прв ги видел токму соседот на бељаџијата па сакајќи да ја предупреди ѓурултијата што би настанала во нивното маало, побрзал пред нив и му кажал на женотепачот што му се спрема. Овој му се заблагодарил на соседот и веднаш се облекол како за на подолг пат и на жената ѝ кажал дека ќе оди во Прилеп за да наплати некоја стара вересија и дека таму ќе се задржи цела седмица, сметајќи дека за толку време ќе им помине лутината на неговите шуревци и дека ќе си отидат во селото. А на соседот што пријателски го предупредил, му кажал дека всушност ќе иде само до Превалец, околу еден километар од градот кон Прилеп, каде ќе се засолни во куќата на баждарџијата. Го замолил соседот, преку пазарџиите кои се враќаат кон селата накај Прилеп, секој ден да го известува, дали браќата на жена му се уште во градот. А за пренесувачите на пораката да не знаат за што точно се работи, на соседот му рекол на пазарџиите да им каже дека е доволно само еден збор да кажат „сеуште“ и тој ќе знае дека браќата-одмаздници се уште се во градот. А кога ќе си отидат браќата, пораката требало да биде “безгајле“. И верно, десет дена бељаџијата од разни пазарџии добивал абер “сеуште“ иако здушно и порано очекувал “безгајле“. Но, по десетте дена чекање, браќата-одмаздници се оладиле од лутината а и си имале заостанати обврски дома па единаесеттиот ден се поздравиле со сестра им и заминале в село. Соседот тоа го забележал и по еден пазарџија накај Превалец пратил абер “безгајле“ та вечерта бељаџијата се прибрал дома. Се разбира, благодарение на недодржливо интригантниот сосед, овој случај станал градско мезе и во говорот велешки зборот “сеуште“ се зацврстил како поим за нешто кое “е уште“ иако се очекувало дека нема да биде. Јас зборот “сеуште“ така го пишувам затоа што:
1. “сеуште“ во однос на “си уште“ е три пати полесно да се напише;

2. тој збор значи дека нешто е постоечко иако се надевало или очекувало дека нема да постои.

Значи, тој збор е составен од глаголот “е“ и од прилогот “уште“ а не од заменката “си“ и од прилогот “уште“.

3. тој збор, напишан како “си уште“ е глупост бидејќи ако нешто веќе е “си“ не може да е уште повеќе од тоа.



Гласувай:
2


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

1. voinov50 - Еха,
30.04.2017 20:29
там на Превалец сега има нов мотел и скоро там пихме кафе на път каде Маркови кули...
цитирай
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 564817
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502