Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
12.06 17:22 - Чарлс Буковски Тукуречи измислена песна
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 175 Коментари: 1 Гласове:
2



1
Те гледам како со тенки помодрени дланки пиеш од фонтана,
фотографот во тебе жедта на малечка птичка ја зел на нишан;
во твоето последно писмо таа слика од Франција е моја храна
оти јас опширно ти одговорив а ти никогаш веќе не ми пиша.
2
Ти пишуваше луди песни за АНГЕЛИ И БОГ, со големи слова,
и на тебе многумина славни уметници оставиле љубовни петна,
а јас ти пишав, тоа е во ред, само напред, дај им нека те ловат,
не сум им љубоморен, јас тебе во живо никогаш не те сретнав.
3
Бевме близу еднаш во Њу Орлеанс, сал еден и пол блок згради,
ама ние никогаш не се сретнавме, никогаш допирот не нè спои,
оти ти отиде со славните и на радио ги фалеше со полни гради
иако тие се грижеа само за нивната слава а не и за песните твои.
4
Не те есапеа тебе, убавата девојка што во кревет ќеф им прави
а потоа со големи букви за АНГЕЛИ И БОГ пишува песна нова;
знам дека Бог е мртов, ми го кажаа тоа умни атеистички глави
ама читајќи те, не бев сигурен, можеби заради големите слова.
5
На издавачите им велев дека си поетеса чиј полет нема да сопре,
да те печатат, дека си луда ама магична и во огнот твој нема лага;
те сакав како маж што ја сака жената која никогаш не ја допрел
туку само ѝ пишувал а нејзините писма и слики му држеле влага.
6
Би те сакал и уште повеќе да седев во мала соба и да виткав цигар
слушајќи те како мочкаш во бањата ама Бог не даде тоа да се случи.
Твоите писма станаа тажни. Те изневерил љубовник, твојот тигар!
Ти одговорив, сите љубовници изневеруваат, така животот се учи.
7
Залудно, ти ми пиша дека на клупа за плачење ко китка си свенала.
Ти одговорив со утеха а никогаш не добив одговор а толку го сакав.
По три месеци пријател ми пиша дека сама врз себе рака си кренала.
Да те знаев во живо, ќе бев нечесен кон тебе и затоа подобро е вака.
 
Enjoy this beautiful piece with an appropriately awe-inspiring slideshow :) The Adagio in G minor for violin, strings and organ continuo, is a ne
 



Гласувай:
2
0


Вълнообразно


1. redabyss - Благодаря. :)Благодаря и на ...
12.06 21:25
Благодаря. :)

Благодаря и на анонимния за хубавия коментар,жалко,че го трийна.
цитирай
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 316309
Постинги: 730
Коментари: 119
Гласове: 486