Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
12.06.2017 23:43 - Шејмас Хини Сопствен Хеликон
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 397 Коментари: 0 Гласове:
0

Последна промяна: 25.12.2017 20:54

Постингът е бил сред най-популярни в категория в Blog.bg

(Ha Мајкл Лонгли)

1

Кога бев дете, бунарите ми беа најдрага опсесија,

се палев на нивните стари чекрци и кофи дрвени:

на темна позадина беше уловена небесна чудесија,

на мовта и тињата носниците ми беа настрвени.

2

Кај еден во цигланата, со натстрешница растурена,

се насладував неизмерно и од задоволство писнав

кога на крајот од јажето кофата што беше сјурена

долж недогледната дупка со тресок во вода плисна.

3

А кај еден друг, плиток и под сувоѕидан шанец,

што беше речиси како аквариум во темен потон,

кога ќе потегнев некој корен од тревниот танец

ќе се забелееше едно кловновско лице по дното.

4

Други имаа ехо, повиците ваши немаше да запрат,

ви се враќаа дополнети со музика игрива и бодра.

А кај еден добив уплав: од високата трева и папрат,

залетан збунет стаорец се плесна врз мојот одраз!

5

Сега, нема веќе тегнење корења и чепкање в кал,

под честа ми е како Нарцис врз извори да зјапам:

за да си се восхитам, на римите им бидувам крал

и така темнината ми возвраќа со најнежен напад.

 




Гласувай:
0


Вълнообразно


Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 563950
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502