Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
17.08.2017 20:21 - Чарлс Симиќ Нашето Спасение
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 364 Коментари: 0 Гласове:
0

Последна промяна: 19.08.2017 11:59



1 Кратките зимски денови ама ептен ги мразам 
со попладнињата без снег во кои студот кине,
со мракот заитан да не поклопи под својот казан
штом и последниот школски автобус ќе мине. 

2 Не трпам жени кои како мракот да го жалат
па во целата куќа само една светилка палат,
натуткани во три џемпери и шал на кауч седат
за со тој безмилосен ќеф на греење да штедат.

3 Она што ме доведува до очај и духовна беда
се оброците молкома пред телевизорот јадени
додека рецитали на дневните ужаси се редат 
за на крај и злослутни прогнози да бидат дадени.

4 Срце ми се кине, секоја ноќ легнувам в кревет
под јамболија и јорган, во мразарник страшен,
со онаа што има сила да шепоти молитви девет
за кај Господ да го обезбеди Спасението наше.



Гласувай:
0
0


Вълнообразно


Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 379431
Постинги: 746
Коментари: 120
Гласове: 496