Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
15.08.2018 10:15 - Виктор Иго
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 383 Коментари: 0 Гласове:
0

Последна промяна: 15.08.2018 10:17

Постингът е бил сред най-популярни в категория в Blog.bg
 

Виктор Иго
(1802-1885)
1
Откако усниве вкусија нектар од твојата чаша
додека ти со рацете лице грчевито ми стегна,
откако душа ти запознав и без да те прашам
и нејниот мирис под сенката на срцево легна;
2
откако бевме споени усни на усни и очи в очи
а ти тајните на срцето и без да барам ми ги кажа,
видов дека ти ни за плач ни за смеа не се кочиш
и знам дека ниту едно влакно на тебе не е лажа;
3
откако по челото со зрак од твојта ѕвезда скрита
ти ме погали миговно со погледот мил и кроток,
почувствував дека едно ливче од твојата роза ита
без премисла да се влие во мојот животен поток;
4
на брзата промена на времето што ќе ме следи
можам да ѝ порачам без мене нека си мине,
нејните цветови се амбисни, боите им се бледи,
в срцево имам роза што никој нема да ја скине.
5
Крилјата на промената слободно нека се дрзнат
чашата полна љубов од која пијам да ја кутнат:
усниве ми се огнени и они не можат да ги смрзнат,
ни љубовта на моето срце во заборав да ја бутнат.

Оригиналот тука:
https://poesie.webnet.fr/lesgrandsclassiques/Poemes/victor_hugo/puisque_jai_mis_ma_levre_a_ta_coupe_encor_pleine



Тагове:   виктор иго,


Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 563794
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502