Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
16.03.2011 17:09 - Теслин ќорсокак
Автор: lupcobocvarov Категория: Технологии   
Прочетен: 800 Коментари: 0 Гласове:
0



  Одамна сме далеку од робот како главен извор на енергија за покренување на работните машини што, во основа, се речиси истите оние што и денес масовно ги користиме – пумпи, мелници, возила. Елиминирањето на ропството и ропскиот труд коинцидираше со индустриската револуција која како енергетски извор ја откри струјата, таа блескава невеста што со стиснување на обично копче, моќно меша со  колковите доведувајќи го човештвото до дотогаш незамисливи оргазмички задоволства.
Почитуваниот професор д-р Љубислав Цветковски, наш еминентен претставник во научниот џет-сет на планетава, со разбирлив пиетет ја цитирал мислата на досега најголемиот пронаоѓач, Никола Тесла, која гласи:“Не мислам дека постои поголема возбуда што поминува низ човечкото срце, од чувството кога пронаоѓачот гледа како неговите креации од мозокот се претвораат во успех … Таквите емоции прават човек да заборави на храна, спиење, пријатели, љубов, се`.“
И покрај докажаната способност и најситните детали на сите свои машини да ги направи без претходни нацрти, сметам дека Никола Тесла не  обмислил докрај каде со своите пронајдоци го насочува човештвото.
Имено, да можел да се замисли дека сам ноќе, в кревет и угол-гол, без да се пипне со рака, само со мисловна концентрација, на дента случајно сретнатата непозната секси девојка щ ги залапал цицките и щ го начукал до коренот, – предизвикајќи така врз себе реален метар и пол висок ејакулативен спермоскок од милион маченици – тогаш Никола Тесла ќе сфател дека залудно си ги ампутирал ташаците бидејќи светов не го крепи сета струја и научните креации туку инстиктивната машка желба своите маченици да ги удави во длабочината на женскиот извор, со надеж дека барем еден од нив по 9 месеци оттаму ќе излезе како светец или светица.
Се смета дека скротувањето на наизменичната струја е најголемиот Теслин пронајдок што е темел за широкоспектарниот технолошки напредок и неспорна основа за животниот стил на огромното мнозинство луѓе денес во светот.
Јас мислам дека е тоа всушност најголемата грешка која човештвото ја направило во изборот на развојниот правец и таа грешка ќе биде платена со пропаст.
Наизменичната струја овозможи создавање на машини подвижувани од електромотори со огромна сила, применливи за унапредување и развој на технолошките процеси во сите гранки на индустријата.
На капитализмот, како несомнено природен и ефикасен систем за прикриена експлоатација на трудот на човекот од друг човек, струјата му стана федер-трамбулина од која тој скокна и денес сеуште лета угоре како горд пердуф, лелеејќи на благопријатните високи профитни струења кои, седнат на колку-толку удобната клупа, со дебилно зазјапана восхитеност оздола ги генерира Форест Гампот на работничката класа.
Природната човекова способност флексибилно да се посвети на разнородни дејствија лесно преминувајќи од едно кон друго,капиталот ја спрегна во јаремот на регулаторната микроелектроника, овозможувајќи си така во фабриките еден вол да управува со голем број машини истовремено.
Така се создаде постојан раст на глад за струја, што се задоволува со градба на хидроелектрани, термоелектрани и електрани на атомска фисија.
Застрашувачките последици од сите тие мегаломански инжинериски мудрости врз човековата околина веќе сме ги искусиле.
Еднонасочната струја, произведувана од динамо-машина, е првата употреблива струја ама стана слугинка на наизменичната струја, особено откако со едноставна трансформација и складирање во акумулатори и батерии, наизменичната струја е речиси бесплатен извор за еднонасочна струја нужна за функционирање на микроелектрониката.
Наизменичната струја драстично го промени животниот стил  на луѓето. И ноќта стана ден а главна е фабрички произведената храна што заради подолготрајност, масовно е клукана со канцерогени хемикалии.
Човечките живеалишта, од нормално потребно засолниште пред ветрот, дождот и студот, се претворија во инкубатори за изведување вообразени мисири и мисирки со кои, преку ТВ и интернетот, капиталистите успешно манипулираат претставувајќи го светот на консумеризмот како отсекогаш пожелуваната нирвана.
Во модерното општество е заборавено дека човечкиот физички труд во антиката бил главен но и доволен енергетски извор.
Денес веќе никој не помни дека човечкото тело отсекогаш било и денес може да биде постојано активна, подвижна, самопрограмибилна и самоодржлива енергетска централа загреана на 37 степени која органската материја од храната ја трансформира во топлинска и механичка енергија.
Тоа значи дека во човекот како креација генетски е вграден принципот на самодоволност кој се поткрепува со способноста за прилагодливост кон надворешните услови.
А денес, за профит алчните капиталисти владеат така што предизвикуваат нелогична состојба: колку повеќе луѓе ќе има, толку поголем да биде недостигот на енергија.
Тоа само значи дека човечкиот организам како извор на енергија е сосема запоставен а преку струјата што го заменува, остварена е зависност на мноштвото луѓе од малцинството капиталисти кои се сопственици на енергетските извори.
Па така, ако понекогаш се почувствувате како во беспаќе и како некој дивјак да ви го спопикал – знајте дека сте во Теслиниот ќорсокак.

 

This entry was posted on март 16, 2011 at 3:56 pm and is filed under филозофија. . You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0 feed. You can leave a response, or trackback from your own site. Edit this entry.

No Responses to “ТЕСЛИН ЌОРСОКАК”
  1.   LupcoBocvarov Says: 
    март 16th, 2011 at 3:58 pm

    quilty,
    ти си агентот Смит од “Матрикс“ image
    Во однос на околинта, секоја раса е паразит, не може поинаку.
    Мене ме загрижува тоа што заради ориентацијата кон профит се форсира високопродуктивно машинско производство кое постојано го зголемува јазот помеѓу богатото малцинство и сиромашното мнозинство кое е манипулирано и преку енергијата перфидно се држи во зависност па нашата раса ќе се уништи самата со катастрофални внатрешни сукоби, а веројатно со себе во пропаст ќе ја повлече сета планета.
    Професоре Меанџи,
    мојот пост е само рефлексија на твојот цитат од Тесла и поентата ми е дека од врвните достигнувања на гениите ништо добро не испаѓа бидејќи они се чудовишта кои се, по правило, над обичноста на животот и со мисли вперени далеку надвор од нашава планета, што при сознание дека најблиската ѕвезда до нашево Сонце е 4,4 светлосни години оддалечена, таквите размислувања ги прави очигледно налудничави бидејќи вселенски патувања во разумен рок колку што трае еден човечки живот се невозможни.
    Светот и сега одлично може и информатички да функционира само со еднонасочната струја – сите компјутери и други високофреквентни уреди за комуникација работат на таа струја, нели, се` е на батерии и на 12 волти максимум.
    Која е разликата?
    Заради речиси целосната загуба, таквата струја не може да се пренесува на далечина, што значи дека нејзиното производство мора да биде атомизирано, секој град и село да имаат своја динамо-електрана.
    Тоа автоматски прави секој град па и село да се стреми да биде независно од другите места и во поглед на задоволувањето на останатите човекови потреби – храна, облека и др.
    Атомизацијата го уништува капитализмот во мегаломанскиот консумеристички поим и производството ќе се сведе на она што е навистина битно и неопходно за здрав опстанок на човекот како врста.
    Колку за да ми работат моите два комјутера и за осветление, мене не ми треба трофазната наизменична струја на Тесла, доволно е на обичен велосипед да инсталирам малку поголемо динамо и така секој ден произведената струја да ја складирам во акумулаторот.
    Земјата не е арамија – со денес достигнатите технологии, секое место може да произведе доволно секаква храна создавајќи вештачки микроклиматски услови(најголеми приноси во земјоделието се постигнати кога растенијата се одгледувани во саксии).
    Сето тоа на политички план ќе има за последица развој на локалната самоуправа на ниво достојно за здрав комплексен духовен и физички развој на популацијата, која поради својата локална независност не може да биде манипулирана од устоличените патриот-спасители на државно ниво кои денес се претворени во аждаја која секој ден голта по едно село за појадок и два града за ручок и вечера.
    Јас Тесла не го омаловажувам – гревота е, благо речено,човекот си бил табиетлија.
    А не гледам што без него би било трагично ако биде и така како што велиш за ашовот и нивата, иако веќе покажав дека ќе биде нешто како кај Амишите, ама со Интернет и ТВ image

    Катике,
    не сум можел да заборавам бидејќи порив е се` на овој свет – и грешката не е кај поривџиите туку кај оние кои печалат пари со манипулацијата на другите дека тој порив е патот до нирваната.
    Мислам дека површно си размислила за пораката на мојот пост – се работи за животниот стил кој очигледно води кон пропаст.Пошироко објаснив погоре, на професорот Меанџи.

  2.   Katika Says: 
    март 16th, 2011 at 3:58 pm

    Па пронајдоците на Тесла за него биле неговиот секс. И не измислил он ништо за никого, порив е тоа Бочваров ако си заборавил. Тесла секако не размислувал да измисли машина за перење садови и да им помогне на домаќинките низ цел свет, некој друг го направил тоа за него. Да беше таков ко што го опишуваш ќе умреше богат,а не сиромашен,сам и заборавен.Тесла си ја завршил својата мисија,таман работа Тесла да ти е крив што некој дивјак ти го спопикал, а ти така едно чувство беспаќе ли е што ли е…

  3.   Меанџи Says: 
    март 16th, 2011 at 3:58 pm

    Бочваров поздрав, се сложувам со твојов пост и покрај тоа што е во спротивност со мојот… Сепак моето беше еден вид на пародија. Нормално дека светов е погрешно насочен движејќи се во материјална насока, наместо во спиритуална… Имам само една забелешка, а тоа е твоето омаловажување на Никола Тесла. Факт е дека да не беше он, уште ќе бевме со ашовот на нива и ќе се радувавме на секој стигнат абер од соседното село. каков и да е

  4.   LupcoBocvarov Says: 
    март 16th, 2011 at 3:58 pm

    Која жена може да ја разбере метафората дека наизменичната струја е узда со долги дизгини за капиталистичка контрола на развојот на човековата слобода?
    На жена само објаснувај и`дека еволутивниот развој на куровите и тестисите е заробен во кутоните – тоа за неа е така опиплива тематика image

  5.   LupcoBocvarov Says: 
    март 16th, 2011 at 3:58 pm

    Жалам за трагичната судбина на бугарските туристи кои загинаа во бродската несреќа во Охридското езеро, јака им душа на нивните родители, браќа, сестри – им изразувам сочувство во болката.

    Инаку, јас и вчера и денес го испочитував мојот закон и извежбав по еден саат па дури потоа почнав да јадам.
    Од 1.1.2009 год. наваму не сум пропуштил ниту еден ден без вежбање.

  6.   LupcoBocvarov Says: 
    март 16th, 2011 at 3:58 pm

    Во мојава глава имам Холивуд.
    Во Калифорнија беснеат пожари.
    Ако случајно изгори тамошниот Холивуд, на Американците ќе им го понудам мојот Холивуд.
    Парите од продажбата ќе ги дадам во Буџетот на Република Македонија, за полесно надминување на економската криза.
    ————
    Ова е валкан капиталистички трик за да ве намамам бесплатно да ми коментирате image

  7.   Quilty Says: 
    март 16th, 2011 at 3:58 pm

    Балансот на примена енергија (духовна и обична храна и инстиктивни потреби) со онаа дадена (физички и ментален труд) одамна е срушен. Сите сме паразити овдека. Човечката раса е паразит. Јас сум паразит, порано сакав да се променам, но веќе сум во поодмината фаза на метаморфоза. Чекам да се прероди од мене уште погрозна, уште поштетна и уште подебела тенија…и да бидам искрен, самозадоволен сум така, што сум го исполнил најголемиот квалитет на човекот, да го приспособи домаќинот и околината на своите потреби.
    Убав пост.

  8.   Меанџи Says: 
    март 16th, 2011 at 3:58 pm

    Па една од предностите на двонасочната струја е што може да се пренесува на поголеми далечини… за разлика од еднонасочната.
    А не би се согласил дека компјутерите работат на еднонасочна.. ОК, батериите продуцитаат еднонасочна, но таа после се претвора во двонасочна на многу висока фрекфренција која ја користи процесорот за пресметки.. Самиот збор фрекфренција значи дека се работи за осцилации, односно наизменична струја. Со еднонасочна струја процесорот не е во состојба да пресмета ниту една информација! (му требаат минимум 4 циклуси за пресметка на еден бит).

    А во право си дека човекот не треба да се стреми кон освојување на вселената, ѕвезди и што знам друго.. секогаш најдобро е на матичната планета, зошто по нејзини правила сме создавани:) не за џабе Артур Кларк ја напишал Одисеја 2001 со таква тематика:P поздрав

  9.   LupcoBocvarov Says: 
    март 16th, 2011 at 3:58 pm

    Добро, професоре, јас во работата на процесорите толку навнатре не пенетрирам – знам само докај матичната плоча – дека во неа има неколку конектори кои од напојувањето примаат еднонасочна струја која секој што сака, со два-три лесно набавливи уреди може самиот да си ја произведува.
    Наизменичната струја Тесла успеал да ја скроти, инаку и пред него таа била позната а другите научници на нејзиното проучување не работеле оти била опасна.
    Поентата е токму во фактот на преносливоста на струјата – јас наизменичната струја ја третирам како узда во устата на човештвото со која капиталистите со долги дизгини го управуваат неговиот животен стил.
    Кларк не толку ми се допаѓа, за мене Асимов е цар.

  10.   LupcoBocvarov Says: 
    март 16th, 2011 at 3:58 pm

    можда ќе те занима, онака, некои паралели

    тука

    поздрав
    (istoчna 7 Септември, 2009 – 13:24 | избриши | одговори)
    ==========
    Фала на поздравот, Источна, биди жива, здрава и весела.
    Линкот водеше кон страница што бровсерот не ја отвараше, па го скратив до разбирливата основа, оттаму може да се истражува, добар сајт е тоа.
    Твојот коментар го избришав и во редуцирана форма го ставив погоре бидејќи предолгиот линк ми ја ширеше страницата.

  11.   Pero Nakov B.B. Says: 
    март 16th, 2011 at 3:58 pm

    Не се криви пронаоѓачите, криви се корисниците.
    1.Германија извезува пиво – вода у стаклено шише – во Америка. Ќе потрошиш сто пати повеќе енергија за транспорт од колку да го направиш и пивото и шишето.
    2.Глеам на една реклама транспортираат Мерцедеси за купувачи од Сауди Арабија со авиони!
    Кои преверзии!

  12.   LupcoBocvarov Says: 
    март 16th, 2011 at 3:58 pm

    Прв корисник на секој пронајдок е капиталистот и негова цел е профитот.
    Нека не те чудат Арапите од Сауди Арабија – они сега почнаа да ја градат најголемата рафинерија за нафта досега проектирана и потоа наместо танкери со нафта, ќе извезуваат танкери со бензин.




Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 563951
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502