Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
27.02.2012 15:45 - Како настана хаикуто
Автор: lupcobocvarov Категория: Забавление   
Прочетен: 499 Коментари: 0 Гласове:
1



Постои тврдење дека Јапонците се горделиво племе по потекло од денес најбогатата кинеска област Манџурија.
Кога Александар Трети Македонски завладеал голем дел и од соседниот Индиски полуостров, тоа племе било цел на поробувачката наезда на централната кинеска власт па затоа пратило делегација за да бара помош од македонскиот император. Помошта им била дадена преку адмиралот на неговата флота, Неарх, кој за сигурно и трајно да ги спаси, им предложил на Јапонците со бродови да ги пренесе на слабо населениот и речиси див остров Хоншу, за таму да засноваат свое царство.

 

Така и се случило и токму затоа денес во Јапонија се негува споменот за Македонија преку изучувањето на фолклорот.

Во подготовките за преселбата, синот на племенскиот главатар на Јапонците се дружел со македонските офицери кои го подучувале на гимнастика и воени вештини. Тој им се восхитувал на Македонците што биле цврсти воини ама и практични мажи бидејќи си имале заеднички харем. Се разбира, љубезните спасители на Јапонецот му понудиле да се забавува со една нивна куртизана ама тој се тегавел и кажал дека не сака да се посрамоти бидејќи при гимнастицирањето забележал дека Македонците имаат многу поголеми пениси од јапонските мажи. Македонците се насмеале и го охрабриле кажувајќи му ја старата љубовничка мудрост:

Малиот пенис
снаодлив маж со јазик
си го надава.

Јапонецот одлично го разбрал советот и кај куртизаната се покажал во многу добро издание.

Подоцна, кога Јапонците на островот Хоншу засновале свое царство а синот на племенскиот главатар станал император, за обучување куртизани за царските благородници, изградил академија на чиј влез била испишан советот од Македонците кој станал познат како `хаику` што тогаш значело `снаодлив маж`.

Во охрабрувачките љубовни предигри,  гејшите секогаш им го рецитирале ова хаику на мажите ама некои од нив погрешно го сфаќале зборот `јазик` како `говор` и, за да ги восхитат гејшите, им возвраќале со свои сразмерно исти кратки стихови на разни лирски теми.

Така оние мажи кои не биле доволно јаки на јазик станале поети.
***




Гласувай:
1


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 567009
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502