Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
28.05.2018 12:17 - Ричард Вилбур
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 427 Коментари: 0 Гласове:
0

Последна промяна: 27.08.2018 16:14

Постингът е бил сред най-популярни в категория в Blog.bg
Ричард Вилбур
Совет за кој и да е Пророк
1 Кога наскоро ќе мора да дојдеш во нашиов град,
вџашен од она што на улиците си го видел,
немој да прокламираш дека пропаст ни иде:
жити Бога, препорачај ни самосожалувачки гард. 
2 Поштеди ни од тиради за оружје што гибелно дебне
во огромниот број ракети од кои умот ќе ти шекне:
нашите непресметливи срца тоа нема да ги штрекне,
тој страв е премногу чуден па нема ни да ги гребне.
3 Или, не плаши ни дека во тркава смрт ни е наменета,
како да го замислиме овој свет без нас отсабајле?
Сонцето џабе свети, на лисјата за нас не им е гајле
а карпата изгледа како да е со насмевка скаменета?
4 Иако не можеме да замислиме незамисливи нешта,
зборуј ни како светов кон промена на арно да јурне. 
Лозјата црнеат од мраз, облакот од мечти ќе се урне,
но нашите сменети верувања скепсата ќе ја трештат.
5 Зборуј ни како белогаз елен шмугнува в сенка ладна,
тој совршенo срамeжлив приврзаник на шумската шега, 
како чучулигата од  гладниот видокруг за миг ни бега
дур од круната на двобоцкавиот бор иглите да паднат,
6 а секој поток, како онојпат реката Ксантус, гори пак
со лизгачките пастрмки во зашеметувачкиот блесок.
Зарем ние не би биле само просто множество песок 
без враќањето на гулабот-поштар и делфиновиот лак? 
7 Та, во такви нешта ние се гледаме и говорот ни е јасен!
Прашај ни, пророку, како природате ќе ни биде тема
без име во иднина кога тие живи јазици ќе ги снема,
кога е скршено огледалото во кое нашата љубов расне,
8 во кое коњот на нашата храброст чека да му се качиме,
во кое зуи расцутениот багрем на неизлупената душа
и сите можни нешта кои кога било во неа ќе се внушат -
сето она што ние значиме или посакуваме да значиме. 
9 Прашај ни, прашај ни дали нашите срца ќе се скршат
поради срамотата што розата ќе ни остане без име!
Ќе има ли благороден и долг простум како пример
кога на дабовото стебло тучните летописи ќе свршат.  

Оригиналот тука:

https://www.poetryfoundation.org/poems/43044/advice-to-a-prophet  


Тагове:   ричард вилбур,


Гласувай:
0



Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 562845
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502