Постинг
31.12.2010 15:04 -
Отчетна честитка
Автор: lupcobocvarov
Категория: Лайфстайл
Прочетен: 655 Коментари: 0 Гласове:
Последна промяна: 17.01.2011 19:10
Прочетен: 655 Коментари: 0 Гласове:
0
Последна промяна: 17.01.2011 19:10
Исто како во 2009-та година, и во 2010-тата нема денови кога не сум ги вежбал сите Пет Тибетанци по 21 пати, а плус, во паузите помеѓу нив, во чест на моите 62 години правев: 62 чуч (5 пати по 12+2) 62 склек (5 пати по 12+2) 62 стомач (5 пати по 12+2) 62 пеперут (5 пати по 12+2) 62 нанапред допирања на петите се прстите на рацете (5 пати по 12+2) 62 поклонувања нанапред и полу-назад (5 пати по 12+2). Мене вежбањето ми е законски услов за да јадам во тој ден. Покрај тоа, секогаш се бањав со ладна вода. И јадев претежно сурова храна, сезонски овошја (најмногу јаболки) а од протеинската палета јадев суров слануток (антички грав) и сушено свинско месо. Лимони, портокали , цитрони и мандарини воопшто не ни помислував да јадам бидејќи претходната година утврдив дека содржат ненормално големи количини отрови од кои јас се изразболев од астматична паника . Тоа се плодови кои на едно дрво растат во различни фази на развој така што мора постојано да ги прскаат а поради порозноста на нивната кора, отровите многу лесно навлегуваат и остануваат во нив. Од готвени јадења најмногу јадев тавче ориз со заленчук и прилично свинска маст но и со 4-5 чешниња лук дневно. Секој ден пиев по околу 300 грама варено кравјо млеко, заради калциумот. Од благи работи јадев купечки рестлови од пандишпањ и рефус бисквити. Кафе, алкохол и газирани вештачки пијалоци воопшто не пиев. Вода не пиев од градскиот водовод, иако викаат дека била исправна. Вода си полнам од една чешма која истекува од стариот, напуштен и необезбеден, градски водовод. Фала Богу, ич не бев болен. Пак фала му на Бога, и моите деца и внуци беа добри со здравјето. Па така, на читателите на мојот блог им пожелувам во 2011 година да бидат колку што е можно посурови кон себе, да вежбаат и да бидат живи, здрави и весели А честитката може да си ја отворите ТУКА. ------
Мои препеви на сите 154 сонети на Шекспир, pdf.,формат А4, 39 страници
Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене
За този блог
Гласове: 502
Блогрол
1. Спомен за Ева Звездева
2. Мои препеви на сите 154 сонети на Шекспир, pdf.,формат А4, 39 страници
3. Мојата стихозбирка “Бегајќи од трпезата на моите црвци“ ги содржи и моите препеви на сите 154 сонети на Шекспир
4. Мојата стихозбирка “Со рими клоцнат Буковски“ ги содржи и моите преводи и препеви на 75 песни на Чарлс Буковски
5. Мојата стихозбирка “Аферата Неруда“ ги содржи и моите римувани препеви на 100 сонети за љубовта од Пабло Неруда
6. Мојата збирка раскази “Помилуваниот владика“
7. Мојата стихозбирка “Ловејќи ја душата на Висоцки“ ги содржи и моите препеви на 60 песни на Владимир Висоцки
8. Моето досегашно творештво собрано накуп