Прочетен: 422 Коментари: 0 Гласове:
Последна промяна: 14.03.2017 16:01
Ветрот мартовски облаци расцепи со гргорна смеа,
стежната со цвеќиња си ти, о, новородена годино!
Те сакам токму тебе, ќеф ми е да танцувам и пеам,
но каде би ги нашол парите за виолина и за вино?
Ме килави празниот џеб, сиромав сум а дрчно жив,
во други пролети не сме виделе девојки како нив!
2
Они за сите парајлии ги продаваат блескотните очи!
О, ал-розо, да имав пари, бакнежот ќе ти го пробав!
Недарежливоста твоето сино небо за мене го кочи,
до кога ли овој срам ќе го носам во оваа сува доба!
3
Немало досега како мојов изгладнет џеб да вене,
но, би можел да купувам ако си ја продадам честа.
А сепак, можеби поарна среќа тргнала накај мене:
сношти видов зраци на зора на колена ми се местат,
како џеб полн златници за кои се молев година цела;
а Плејадите* сметај ги за пари в џебот, бабите велат.
4
Со кикот стотици рози во градината пејат без почин,
разблудното пчелно семејство најсладок мед дрочи,
ниедна друга птица не пее како нечесно стекнат ќар,
во неговата сладост ужива само богат човек или цар.
5
Сепак, Розо, зар не е човек тој што суптилен стих крои,
што тебе те прославува и твоето име на чело му стои?
Ах, зарем да му црвенее гордиот образ од таква слава
дека ги поучил луѓето за цената по која ти тело даваш?
6
Доста пееше, Хафиз, потруди се, наполни си го џебот!
Стрела те проби, не знам дали земна е или е од небо,
но крв капе од запчаниците дур ти пееш ѓоа свечено
за секој мал збор срцето на крварење ти е обречено
и многу солзи истекоа како цена на ова што е речено.
------------
*Според античката митологија, Атлас, титанот што го држи небото на своите рамења, имал седум ќерки ((Маја, Електра, Целеана, Тајгета, Меропа, Алкона и Стеропа) кои се претвориле во ѕвезди и се познати како соѕвездие Плејади.
Оригиналот тука:
2. Мои препеви на сите 154 сонети на Шекспир, pdf.,формат А4, 39 страници
3. Мојата стихозбирка “Бегајќи од трпезата на моите црвци“ ги содржи и моите препеви на сите 154 сонети на Шекспир
4. Мојата стихозбирка “Со рими клоцнат Буковски“ ги содржи и моите преводи и препеви на 75 песни на Чарлс Буковски
5. Мојата стихозбирка “Аферата Неруда“ ги содржи и моите римувани препеви на 100 сонети за љубовта од Пабло Неруда
6. Мојата збирка раскази “Помилуваниот владика“
7. Мојата стихозбирка “Ловејќи ја душата на Висоцки“ ги содржи и моите препеви на 60 песни на Владимир Висоцки
8. Моето досегашно творештво собрано накуп